(ФОТО) Луси Хамилтон: „Себе се гледам во Леклер!“

Петкратниот светски шампион Луис Хамилтон рекол дека возењето на Шарл Леклер го потсетува на своите од почетокот на кариерата во Формула 1.
Шарл Леклер има само поен помалку од својот тимски колега Себастијан Фетел во досегашниот дел од сезоната и тоа не останало незабележано од првиот возач на Мерцедес, Луис Хамилтон, кој го споредил Леклер со својата помлада верзија и ја коментирал состојбата пред трката за Големата награда на Азарбејџан.


„Кога дојдов во Формула 1 сакав што побргу да победам и секогаш ја имав таа желба да го урнам шампионот против кого се тркам, така што ние двајца сме многу слични. Себе се гледам во Шарл Леклер, навистина мислам дека прави многу добра работа. Кога возите за голем тим како Ферари, очекувањата се високи, а Леклер вози така добро што само така треба да продолжи како и до сега и добрите работи ќе дојдат“, порачал Луис Хамилтон.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Откако беше обвинета за фотошопирање фотографии, актерката откри како изгледа без шминка

Откако беше обвинета дека изгледа непрепознатливо на фотографиите, Салма Хајек на Инстаграм го покажа својот …