(ФОТО) Крег е Џемс Бонд, а Рами Малек е главниот негативец

Продуцентите на филмот за Џемс Бонд, Мајкл Г. Вилсон и Барбара Броколи, го најавиле снимањето на најновиот филм за славниот таен агент, кого повторно ќе го игра Даниел Крег, а кој, после неколку децении, повторно ќе биде сниман на Јамајка, а главниот негативец е оскаровецот Рами Малек.
Од Алберт Р. Броколи од компанијата „ЕОН Продукција“ и студијата на „Метро Голдвин Маер“, а во режија на Џорџ Фукунага, доаѓа филмот во кој Даниел Крег по петти пат го толкува ликот на агентот 007, кој го створил Јан Флеминг. Режисерот, Кери Џоџи Фукунага, потврдил дека покрај Крег и Малек, улогите ќе ги толкуваат и Ралф Фајнс, Наоми Харис, Рори Кинир, Ли Сејдукс, Бен Вишо, Џефри Рајт, Ана де Армас, Дали Бенсалах, Давид Денчик, Лашана Линч, Били Магнусен.


Сторијата пак во филмот накусо е – „Во 25. издание, Бонд ја напуштил службата и ужива во мирниот живот на Јамајка.Но, неговиот мир нема да трае долго, кога ќе се појави неговиот пријател Феликс Лајтнер, молејќи за помош. Мисијата во која е потребно да го спасат киднапираниот научник, ќе се испостави многу покомпликувана отколку што било очекувано и ќе го наведе Бонд на трага на мистериозниот злосторник кој е вооружен со нова, опасна технологија“.
Новиот филм за агентот 007 ќе се снима во студијата „Пајнвуд“ во Обединетото Кралство, во Лондон, Италија, на Јамајка и во Норвешка. Продуцентите на филмот изјавиле:


„Возбудени сме што во 25. филм за Бондот агентот се враќа на Јамајка, со Даниел кој по петти пат ќе ја толкува оваа улога. Се враќаме на местото каде Флеминг го створил овој легендарен лик и каде се снимани ‘Доктор Но’ и ‘Живеј и остави ги другите да умрат’“.
Се очекува ова продолжување во кината да стигне на 9. април наредната година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Нова жртва на корона: Почина актерот Љупчо Тодоровски – Упа

Со непребол колегите се простуваат од својот колега Љупчо Тодоровски – Упа кој на 65. …