(ВИДЕО) Александра Јанева направи одличен избор!

По подолго време поп-пејачката Александра Јанева се врати на баладите. Новиот сингл со наслов „Се одбирам себе” е емотивна љубовна приказна и второ по ред авторско дело на тандемот Јанева-Стојановски.

View this post on Instagram


СЕ ОДБИРАМ СЕБЕ / 23 АПРИЛ 🤩 @tinostojanovski @ilespasev @boorche @zdravkovskii @gvacev @pajmakoski.a

A post shared by Aleksandra Janeva (@aleksandrajanevaofficial) on


Аранжманот и продукцијата се на Иле Спасев. Дел од екипата која работеше на проектот е и Јана Бурче, во улога на текстописец на баладата. „Не верував дека „Се одбирам себе” ќе стане втората кантавторска песна која ќе се најде на мојот деби албум, сè додека не го добив одличниот текст од Јана. На крај, целосната приказна позади песната одлично ја екранизираа моите соработници од Pinestel продукција со кои одлично се познаваме”, раскажува пејачката. Видеото за песната е снимено на повеќе локации во Отешево и Преспа. Иако реткост, на овој видео-запис Александра се појавува во друштво на Андреј Пајмакоски од студиото „Models In”. За нивниот изглед се погрижи познатата стилистка Милена Танаскоска.
Изминатиот период, Александра Јанева објавуваше песни на секои три-четири недели. „Се одбирам себе” е третиот сингл во низа по неодамна објавените „Срце отвори” и „Одговор”.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Пораката на Сара Џесика Паркер за стареењето ќе влијае на вашата перспектива за убавината: „Не ја гледам смислата во обидот да не го прифатите одминувањето на времето“

Сара Џесика Паркер има 57 години и се чувствува одлично во шестата деценија. Актерката истакнува …