(ВИДЕО+ФОТО) Сладок Велигден: 14. Колачи и торти

15. Торта за Велигден

За кора:
300 г мелени бисквити
150 г мелени ореви
150 г шеќер во прав
1 јајце
Фил:
2 кесички пудинг од ванила
100 г шеќер
500 мл млеко
250 г путер или маргарин
желе бомбони
пишкоти
14 крем банани
декорација
шлаг
Подготовка: од наведените состојки замесете ја кората па обликувајте ја по желба.
Од млекото, шеќерот и пудинзите сварете крем. Путерот изматете го со 5 лажици шеќер во прав и поврзете со кремот. Се’ убаво изматете.Филот поделете го на три дела.
Првиот фл ставете го преку обликуваната кора. Над него наредете пишкоти потопени во ладно млеко. Преку пишкотите намачкајте повторно фил. Преку филот наредете ги ркем бананите. Потоа повторно намачкајте со фил.Тортата украсете ја со изматен шлаг.
Од рендано чоколадо направете велигденски „гнезда“. Украсете со слатки велигденски јајца.

14. Велигденска баклава: Богата и сочна за свечени пригоди


Вистинската баклава мора да биде и крцкава и сочна
Потребно е: 500 г тенки кори, 200 г ореви, 100 г бадеми, 100 г суво грозје, 100 г бисквити, 50 г гриз, 100 г посен маргарин, 100 мл сок, 3 лажици шеќер, масло
Прелив: 500 г шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, 1 поголем лимон.
Подготовка: сомелете ги оревите, бисквитите и бадемите и ставете во еден сад. Додајте 50 г истопен маргарин, шеќер, суво грозје, гриз и сок па се’ измешајте. Во чинијата со истопен маргарин додајте малку масло.
Раширете ја првата кора на маса и намачкајте ја со масло и маргарин, ставете втора кора па и неа намачкајте, па трета кора и неа намачкајте ја, а на дното на кората ставете богато од филот (најдобро да ги изброите корите и потоа да го поделите филот). Свиткајте ги рабовите и завиткајте ролат. И така додека се’ не потрошите.


Со остар нож исечете ролнички односно малечки ролати и редете ги во тава намачкана со масло или маргарин. Ставете во рерна загреана на 250 степени и печете околу 25. минути.
Во меѓувреме додека се пече баклавата подгответе го преливот: сварете сируп од шеќерот, 300 мл вода и ванилиниот шеќер и лимонот исечен на кругови. Со врелиот прелив полијте ја топлата баклава… Оставете да се излади и впие.

13. Чоколадни корпички со „Нутела“


200 гр чоколадо
200 гр нутела
85 гр маргарин
250-300 гр сецкани ореви
30 гр ситно сецкан лешник
Подготовка:
1. На пареа мешајќи, убаво растопете ги чоколадото искршено на коцки, нутелата и маргаринот.
2. Кога ќе добиете компактен крем, тргнете го садот од оган и во него вмешајте ги сецканите ореви.
3. Со мало лажиче полнете ги до горе предходно спремените хартиени корпиња. Корпињата предходно убаво распоредете ги на рамна чинија.
4. Одозгора украсете со ситно сецкани лешници.
4. Оставете на ладно убаво да се здрват.
Оваа чоколадна посластица колку брзо се прави, уште побрзо се јади.

Ако полните во малите корпиња од оваа доза излегуваат околу 40 парчиња

12.Француска бајадера


300 гр шеќер
70 мл вода
100 гр црно чоколадо за готвење
100 гр бело чоколадо
100 гр мелени ореви
<strong>Подготовка:</strong>
Шеќерот и водата се стават во тенџере на оган да зоврие, колку да се растопи шеќерот. Чоколадата се топат на пареа, секое посебно. Мелените ореви се стават во сад, црното растопено чоколадо во друг сад и белото чоколадо во трет сад, значи сите посебно.Откако ќе зоврие шербетот се
дели со ракиени чаши на 3 дела и се додава во секој сад. Се мешат убаво сите смеси и потоа во плехче за бајадера се става прво црниот дел, па смесата со ореви, па белиот дел. Се остава да се стегне и потоа се украсува по желба.

11.Торта со крем банани и ресани


10 крем бананчиња
1/2 кг ресани
1/2 кг хопла
Подготовка:
Ресаните и крем бананчињата се сецкаат.
Хоплата се мати и кога ќе се згусни, поголемиот дел се меша со
бананчињата и ресаните.
Се прави форма по желба и се премачкува со остатокот од хоплата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ФОТО) Ќерка на милионер се обидела да живее како бездомничка: Немала поим што ќе доживее!

Во емисијата „Rich Kids Go Homeless” се случува токму тоа – богаитте деца навикнати на …