(Рецепти) Чуда од кујната: Квасецот косата и кожата ги враќа во живот,а помогнува и при анемија и остеопороза!

Квасецот одлично делува кога го користиме за нега на лицето и телото…
Квасецот најчесто го користиме во подготовка на различни теста, но овој додаток на исхраната може да биде и одличен сојузник во негата на кожата, косата, ноктите, како и за унапредување на нашето здравје.

За кожа
Пивскиот и пекарскиот квасец претставуваат идеален извор на хранливи материи. Содржи витамини Ц, Б и Ппи кои се задолжени за рехабилитација на кожата, додека минералите активно ја хранат и ја прават еластична и отпорна.
Инаку, квасецот содржи 17. витамини, 16. амино кислеини и 14. минерали како што се: калциум, калиум магнезиум, цинк, бакар, фосфор, манган…
Им годи на сите типови на кожата и со помош на квасецот станува регенерирана, па така и подмладена, поубава, хидрирана и поотпорна на надворешните влијанија. Квасецот има изразито антибактериски својства, па се препорачува во борбата против акни. Смирува воспалувања на кожата, ја регенерира сувата и оштетена кожа, помогнува при митесери, ги
брише брчките и кожата ја прави мазна и убава.


Маска од квасец:
Измешајте квасец со млака вода. Мешајте додека не добиете мазна смеса која можете да ја нанесете на лицето и оставете да делува 20 минути додека не се исуши, а потоа измијте со млака вода.
Маската секогаш подготвувајте ја од свежи состојки и можете да ја користите два пати неделно во текот на два месеци.
Во маската можете да додавате разни состојки кои дополнитлено ќе ја нахранат кожата.
Ова се некои од најчестите состојки кои можете да ги користите.
Лимон – одличен во борба против брчки и пеги, го изедначува тенот, ја храни кожата со витаминот Ц и се препорачува при мрсна кожа.
Мед – има антибактериски својства, длабински ја чисти кожата, спречува воспалувања и ги уништува слободните радикали. Идеална е за суво лице и одлична против бубулици.
Јајца – го стимулираат процесот за обновување на клетките, ја зацврстуваат кожата, хранат и го хидрираат лицето.
Маслиново масло – спречува исушување и ја поправа текстурата на кожата. Одличен против брчки, ја храни кожата и ја прави еластична.
Овес – ја храни кожата додека аминокиселините помогнуваат при репродукција на клетките. Ја упива маснотијата до кожата и ја хидрира.
Зелен чај – го тонира лицето и ја подобрува циркулацијата. Одличен е за чувствителна и иритирана кожа.
Јогурт – има смирувачко својство и одлично ја негува кожата. Содржи антибактериски и антигабични својства. Одличен е за сите типови кожа.
За лицето е најдобар пекарскиот квасец и тоа свеж кој се продава во коцки. Имајте на ум дека рокот на траење на свежиот квасец е само две недели. Ако користите квасец од кесичка водете сметка да биде светлокафен и со изедначени гранули.


За коса
Косата која е третирана со квасец расте побрзо, станува појака и поотпона. Квасецот ја штити од пукање, и зналително помалку опаѓа.
Маска од квасец:
Половина кесичка квасец ставете во сад во кој ќе додадете 2 до 3 лажици топла вода. Смесата нанесете ја на косата, посебно измасирајте во коренот на влакната. Оставете да делува половина час и потоа темелно измијте со топла вода.

За нокти
Благодарение на витаминот Б и минералите како што се калциум, железо, јод и магнезиум со кои квасецот е богат, ноктите стануваат појаки и побргу растат. Помалку се склони кон пукање и листање.
Ноктите можете да ги негувате со помош на квасец на два начини: така што ќе пиете разматен квасец во чаша топла вода и тоа секојдневно или искористете ја истата маска за лице која ќе ја нанесете и втриете во ноктите, оставете да делува 10. минути и измијте.

За здравје
Сувиот пивски квасец претставува ризница на хранливи состојки; белковини, амино киселини, јаглени хидрати, олигоелементи и секако витамини и минерали.
Квасецот содржи и три важни елементи: глутамин кој ја подобрува елиминацијата на штетните материи, селен кој го успорува процесот на стареењето и хромот кој е за превенција на дијабетес и инфаркт.
Благодарение на минералите и олигоелементите кои се неопходни за нормално функционирање на сите процеси во организмот, пивскиот квасец е одличен додаток во природната исхрана.
Квасецот помогнува при стрес, анемија, остеопороза и други заболувања. Во пивскиот квасец се главно сложени шеќери, па затоа може да се користи и во исхрана на дијабетичарите.
Исто така квасецот има голема диететска вредност па се користи во лекување на бактериски и габични инфекции на кожата, органи за варење и воспалување на црниот дроб.
Природен регулатор е на холестеролот и природен антибиотик бидејќи контролира бактерии кои би можеле да бидат штетни за организмот, а во исто време го поттикнуваат влијанието на бактериите корисни за работа на цревата

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет знаци дека сте во врска со вистинската личност

Го запознавте партнерот од соништата и веќе некое време сте заедно. Сакате да верувате дека …