(ВИДЕО+ФОТО) Таа е најстара инструкторка по јога:„Во 101. година сум и не се откажувам!“

„Не се сметам за чудо. Секое утро кога ќе се разбудам гледам во сонцето и си велам: ‘Ова ќе биде најдобар ден во мојот живот, и биднува’, секогаш е така“, вели оваа ведра бабичка.
Пред неколку години светските медиуми се распишувале за виталната Тао Порчон – Линч од предградие на Њујорк кога завршила во Гинисовата книга на рекорди како најстара инструкторка по јога на светот. Има 100. години, а во август ќе наполни 101, и сеуште не се откажува. Вели дека ќе подучува јога се’ додека дише, а потоа ќе замине на „некој друг свет“.
Погледнете во видеото:

„Поради јогата сум добро расположена, поведра и секогаш насмеана. Едноставно ја сакам. Не се сметам за чудо. Секое утро кога ќе се разбудам гледам во сонцето и си велам:’Ова ќе биде најдобар ден во мојот живот, и биднува’, секогаш е така“,рекла Тао.
Иако живее сама, не се чувствува осамено. Постојано ја посетуваат поранешни и сегашни ученици, пријатели, членови на винското друштво во кое и сама е зачленета, колеги од школото за танцување…

Оваа бабичка преполна со енергија со јога почнала да се бави на возраст од седум години, во родната Индија. Шетала по плажа кога вниманието и го привлекла група момчиња кои вежбале јога. Тоа била љубов на прв поглед.
Нејзината тетка не била воодушевена со идејата внуката да и се бави со јога со образложението „дека тоа не се движења за дама“, но Порчон – Линг одговорила „ако можат момчињата ќе можам и јас“, и така биднало.

View this post on Instagram

Don’t be afraid to fly. #Tao💯

A post shared by Tao Porchon-Lynch (@taoporchonlynch100) on

Со подучување почнала во тинејџерска возраст. На луѓето им објаснувала како правилно се дише, да дишат на здрав начин, посебно оние кои времето го минувале во седечка положба.

View this post on Instagram

~ I ❤️ Yoga. #Tao💯

A post shared by Tao Porchon-Lynch (@taoporchonlynch100) on

Би им кажала “Со таква положба си ги притискате градите. Вашите плуќа не се во папокот, туку над тоа. Здивот не учи, слушајте го. Почувствувајте кога белите дробови ви се шират кон надвор, испружете ги рацете кон таванот и почувствувајте ја таа енергија. Вдишете здив на животот и издишете мир“, пренесува Daily Mail.

Подоцна се бавела и со танцување и глума. И’ денес танцува во друштвото за танцување, а Пред неколку години дури нАстапила и во натпреварот „America’s Got Talent“. Напишала две книги и на многумина е инспирација.
Во почетокот на оваа година индискиот премиер Нарендра Моди и ја доделил престижната награда „Padma Shri“ за исклучителни постигнувања.

View this post on Instagram

Have a lovely weekend and enjoy your practice. #Tao💯

A post shared by Tao Porchon-Lynch (@taoporchonlynch100) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

Знаење и искуство на стручњак – СРЦЕВ БОЛЕН САКАЛ С*КС, ПА МУ ОВОЗМОЖИВ БРЗА ПОМОШ ПОД ПРОЗОРЕЦОТ: Доктор Солаковиќ открил провереен ТРИК за ЉУБОВЕН ЧИН! После ова во креветот повеќе ништо нема да биде исто!

Д-р Емир Солаковиќ зборувал за сексот и придобивките од сексот, како и за ризиците што …