(ФОТО) Татко постелнината ја претворил во друштвена игра за да ги забави децата во болница!

На таткото и бизнисмен, Кевин Гејтлин,му бил доволен еден поглед на чаршавите во креветот за да дојде до неверојатна идеја. Ги претворил во шарени, забавни и интерактивни игри за децата кои се хоспитализирани во болница.
Откако во болница го посетил болниот син на пријател, сфатил дека на детето му е доста здодевно.

„Кога детето е во болница, повеќето време е несреќно. Јас осмислив алат кој ќе им ја скуси здодевноста, а на нешто и ќе ги научи, па е одличен за деца, родители, за медицинските сестри и лекарите“, појаснил Гејтлин за NewsWest9.
Неговата идеја станала хит и меѓу децата кои не се во болница. Можат да се забавуваат а тоа да не вклучува гледање во толку омрзнатите екрани.

„Сакав децата повторно да ги заинтересирам за традиционалните игри кои имаат многу едноставни правила“, додал Гевин.
Во изработката на постелнината на тато Кевин му помогнале учителите и други родители. Ги има во различни бои и теми. Постојат варијанти со загатки, модели на кои се неброени делови од телото, а во некои се штампани шаховски плочи или полиња за кругче и крвче.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Најлуда свадба во Србија – извадил „зоља“ за да гаѓа јаболко 

Српските свадби ги следат низа обичаи, а еден е да се гаѓа јаболко со пушка. …