(ВИДЕО+ФОТО) „Меси град“: Ги купил сите соседни куќи и ги преусмерил авионите…

Фудбалерите на Барса живеат во квартот Педралбес, близу Камп Ноу. Но, Меси и по тоа е поинаков. За 1,8 милиони евра во местото Кастелдефелс, 25. километри од Барселона купил куќа и си изградил „Messi City“…
Фудбалскиот генијалец Лионел Меси топката ја удира поинаку од другите во светот. И’ со карактерот не е класична фудбалска ѕвезда. Но, абнормалната популарност го натерала и со изборот на место на кое ќе изгради дом да се издвои од соиграчите.
Повеќето ѕвезди на Барса живеат во градскиот кварт Педралбес. Блиску до Камп Ноу, а повторно одвоено од љубопитниците. Меси има доволно пари 100. години да купува по еден дворец дневно, но одлучил поинаку.
Се одлучил за инвестиција па се прилагодил како што му посакува срцето…


Прво во Кастелдефелс, 25. километри оддалечено од Барселона, за 1,8 милиони евра купил куќа и големо парче земја, а потоа се впуштил во градење. На падините на Кастелдефелс „се родил“ – „Messi City“.Човекот едноставно не може да живее во мир. Премногу е популарен па малку по малку ги купувал терените околу неговиот.
Ги купил ама бш сите куќи околу неговата за да има мир. И потоа во имотот си изгардил се што сака за децата, сопругата, сите роднини кои живеат со него и миленикот, бордошка дога.


View this post on Instagram


🦁⚽️

A post shared by AntoRoccuzzo88 (@antoroccuzzo88) on


Наводно успеал да се договори и да не се проширува еден од најголемите европски аеродроми „Ел Прат“, бидејќи авионите би надлетувале на само десетина километри од неговиот имот во Кастелдефелс. А, бидејќи Меси купил таму куќа цените на недвижностите се зголемиле за десет пати во однос на периодот кога таму не живеела светската ѕвезда.
Веројатно поради тоа и соседите му правеле проблеми со бучава и „гледање преку ограда“. За да толку го изнервираат па го натераат нивните куќи да ги купи по нови цени кои самиот ги предизвикал (а потоа и над се, и премија за заминување).

Лионел Меси сега на мир пие чај на својата тераса. И, нека му е така. Ни бил тој симпатичен или не, навивале ние за Реал или Барселона, припаѓале во „Кристиано тимот“ или “Меси тимот“ едно никој не може да му оспори: едноставно е толку добар во толку добро платената работа што, не секој милион туку секој цент го заработил 100% чесно и само преку свој грб.,
А, сите предности, но и маани со кои живее тој или на пример Тајгер Вудс, Мајкл Џордан и ним сличните абнормално популарни луѓе на остатокот на светот им е незамислив. Тие не можат мирно да одат во град и да се напијат кафе или макијато, ниту да „скокнат“ по нешто во првата продавница, не може да седне во град на пица…Па си градат дворци и градови.
Си купува себе и на своите деца мир, на своите семејства. А, кога веќе парите на се проблем, тогаш барем таа изолација нека биде луксузна. Подеднакво би, претпоставуваме, направил секој во нивната позиција. Меси ги купил околните куќи и си изградил фудбалски терен, базен и останатото што си сака…
За почеток…

View this post on Instagram

Feliz día mi vida !! Te amo 😍

A post shared by Leo Messi (@leomessi) on

View this post on Instagram

😍😍😍😍😍😍

A post shared by Leo Messi (@leomessi) on

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ВО 88 ГОДИНА – Починал легендарниот тренер Мирослав Чиро Блажевиќ

Легендарниот фудбалски тренер Мирослав Чиро Блажевиќ починал денеска на 88-годишна возраст. На Блажевиќ првпат му …