(ФОТО) Се ближи месец мај – Време е за нова книга на Тошо Филиповски!

Време е за уште едно капитално дело од перото на Тошо Филиповски, хроничарот на македонската рок музика…
И, како што вели, без помош и подршка од Министерството за култура, Филиповски пордолжува да ги издава своите ветени книги…
Најновата ја најави на својот профил на Фејсбук:

„СЕ БЛИЖИ МЕСЕЦ МАЈ – ВРЕМЕ Е ЗА НОВА КНИГА !!!!
ВРЕМЕ Е ЗА УШТЕ ЕДНО КАПИТАЛНО ДЕЛО, од планираните 10-ина книги со сличен габарит, КОЕ КАКО КРАЈНА ЦЕЛ ГО ИМА ДОКУМЕНТИРАЊЕТО НА ШТО Е МОЖНО ПОГОЛЕМ ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКАТА МУЗИЧКА ИСТОРИЈА !!!!
НОВА КНИГА = ПРЕМИЕРНА ОПСЕРВАЦИЈА НА ПОДЗАБОРАВЕНИ АРТЕФАКТИ ОД БОГАТАТА МАКЕДОНСКА ДИСКОГРАФСКА ИСТОРИЈА !!!!!
Монографијата: “Македонска Дискографија – Винили (1963-2019), Прв Том” ќе биде отпечатена во месец МАЈ 2019 година….а официјалниот датум (bookstore release date) и точното место на ПРОМОЦИЈАТА ќе ги објавам за околу две недели – на 1ви Мај.
Име на монографијата: Македонска Дискографија – Винили (1958-2019), Прв Том
Издавач: Corpus Delicti Records


Приредувач на Монографијата: Тошо Филиповски
Тираж: 1000 примероци
Содржина:
Комплетно се презентирани околу 230 винилни изданија (самостојни и заеднички), на Македонски артисти и бендови.
Дополнително посочувам и околу 70 винилни изданија (компилации) на кои се застапени теми/песни/траки на Македонски артисти и бендови.
Единствена можност да уживате во повеќе од 1.500 фотографии во боја (комплетни омоти на погоре споменатите грамофонски плочи (винили)), но и многу информации за самите изданија – еден дел официјални но и голем дел од нив досега непознати за јавноста.
Жанровски, монографијата ги претставува винилните изданија со rock, jazz, blues, electronic, hip hop, world music, pop-rock, pop, punk, heavy metal, reggae, ska, funk, soul……….итн, музика а која ја создаваат македонски музичари и бендови.
• A4 формат
• тврд повез со обвивка
• колор принт
• приближно 450 страници
ПРИЈАТЕЛИ, ПОДДРЖУВАЧИ, МУЗИЧАРИ, ПОЧИТУВАЧИ НА СОПСТВЕНАТА МУЗИЧКА ИСТОРИЈА, ЧУВАРИ НА КУЛТУРНОТО БОГАТСТВО… ја очекувам вашата поддршка за навремено и квалитетно издавање на уште едно капиталното дело: “Македонска Дискографија – Винили (1958-2019), Прв Том”.
Цената во претпродажба:
Македонија: 2,500 денари
Странство: 40 euro + shipping
Веќе од денес можете да си го обезбедите својот примерок !!!!
PRE-ORDER нарачки ќе се примаат во наредните 40 дена !!!!
Единствено во претпродажба, ќе можат да се добијат и одредени поволности/подароци кои ќе ги нема во редовната продажба.
250 примероци ќе бидат своерачно нумерирани и потпишани (по ваше барање и со посвета), и како подарок ќе следува вообичаената налепница.но и потполно НОВ компилациски LP (грамофонска плоча) – Колку гласно морам да викнам за да ме чујат? – со 12 ангажирани теми од исто толку Македонски актуелни бендови.
Специјален пакет:
– Купување на монографијата “Македонска Дискографија – Винили (1958-2019), Прв Том” + купување на примерок од “Македонска Рок Енциклопедија (1963 – 2018), Прв Том” (обете нумерирани, потпишани и со посвета) + бонус: CD (History of Macedonian Punk/HC Part 1 1979-2001), LP (Колку гласно морам да викнам за да ме чујат?) + налепници.
Пакет: 4.000 денари + поштарина/shipping
ДОНАЦИЈА:
За купување на 5 или повеќе примероци од монографијата или 3 или повеќе “специјални пакети”, вашето име и презиме ќе бидат запишани во книгата – како ДОНАТОР.
ВИ БЛАГОДАРАМ ЗА ПОДДРШКАТА!
Начини за плаќање:
банкарската сметка на Corpus Delicti Records
КОРПУС ДЕЛИКТИ РЕКОРДС
4ти Јули 42/1/1 – Скопје
Жиро с-ка: 380-1-034456-001-55
Депонент: Про Кредит Банка, Скопје
За: претплата за “Македонска Дискографија – Винили”
paypal: corpus@t-home.mk
western union: Tosho Filipovski
Контакти:
facebook: Tosho.Filipovski
e-mail: corpus@t.mk
Мобилен: 075 477 911“

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ФОТО) Ѕвезда на „Игри на троновите“ морала драстично да го промени изгледот и да ослабне за новата улога

Се емитува последната сезона на „Игри на троновите“ и фановите веќе го оплакуваат завршувањето на …