Руски свештеник протеран бидејќи жена му била на изборот за Мис за време на постот!

Руски православен свештеник од регионот на Урал е поставен во служба во зафрлено село како казна за „гревот“ кој го направила неговата сопруга – учествувала на натпревар за убавина и тоа за време на постот.
Оксана Зотова, која инаку води салон за убавина во Магнитогорски, ја освоила наградата „Мис на сензуалност“ на тоа натпреварување и со тоа си навлекла многу критики.
Јавноста е запознаена со случајот откако на социјалните мрежи се проширил интересен детал од нејзината биографија, а тоа е дека е мажена за свештеник.
Кога информацијата дошла до верските официјални лица, Сергеј Зотов бил отпуштен од службата во катедралата во Магнитогорски.
Својата работа ја продолжил во селото Фершампенауза, околу 65. километри оддалечен од Магнитогорски во кој живеат 4.000 луѓе.
Селото го добило името во чест на Козаците кои се бореле против Наполеон во битката во 1814. година.
Свештеникот Феодор Сапарикин рекол дека е „голем грев жената на свештеник да се експонира поради забава“.
Како што рекол, Зотов „нема да биде рехабилитиран се’ додека неговата сопруга не се покае“.
„Каков свештеник е тој кога не може да го контролира сопственото семејство“, навел тој.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

Еден детски живот зависи од нас: Да бидеме хумани и да и помогнеме на Мила!

Мила има 2 и пол години, и има сериозно оштетување на мозокот и доцнење во …