Дневен хороскоп за понеделник, 15.04.2019: Денот е идеален за размена на емоции, за оние искрени насмевки и забава со прекрасни луѓе – Внимавајте да не претерате во некои работи!

Штета што викендот уште не трае па да можеме и денес да уживаме во сите прекрасни работи кои овој ден ги носи со себе. Денот е идеален за размена на емоции за оние искрени насмевки и забава со прекрасни луѓе, штета што не можеме цел ден да се смееме туку мораме да работиме.
Првиот дел од денот ќе биде успешен ако не направите нешто брзоплето, донесете некоја не баш добра одлука, нешто „не зезнете на работа“ смајли Концентрирајте се и работете ги само оние работи каде не можат да се случат грешки, некои поедноставни работи, колку да мине денот.
Кога ќе излезете „на слобода“ можете да се препуштите на магијата на денот, да и се јавите на саканата личност, да се сакате, уживате во се, само внимавајте да не претерате во некои работи, можни се некои ненадејни, непланирани, нерационални трошоци, па бидете рационални и не дозволувајте овој убав ден “да ве закопа – финансиски“ на подолг период.
Среќно!

Овен
Работа
Некој се обидува да ви наметне строги деловни правила, но вие имате различни приговори. Не ви се допаѓа командниот тон на кој ви се обраќа постар човек.
Љубов
Не се брзајте, туку чекајте вистината да излезе на виделина. Вешто ги криете вашите чувства и сакате да оставите одреден впечаток на блиска личност.
Здравје
Резервирајте ги вашите вечерни часови за вашиот свет на интима.

Бик
Работа
Ако се најдете во вистинскиот момент и на вистинското место, очекувајте деловна победа или јавно признавање. Бизнис успехот произлегува од добра подготовка. Потребни ви се проверени информации.
Љубов
Важно е да делувате волшебно на вашиот партнер. Потрудете се да го потврдите вашиот добар вкус и вистинската мерка на вредност при изборот.
Здравје
Чувајте го добрто расположение.

Близнаци
Работа
Средбата со една личност за вас е интригантна, и затоа не можете да ја прикриете несреќата и загриженоста. Ако ви треба нечија поддршка, немојте да се колебате.
Љубов
Во еден љубовен дијалог,партнерот не сака лесно да се откаже од плановите што ги има. Но, некој мора прво да гпопушти. Бидете мудри.
Здравје
Ќе ви годи психо-физичка релаксација.

Рак
Работа
Обрнете внимание на нечија порака или предупредување. Не дозволувајте потребата за доминација на состанокот со соработниците да доминира.
Љубов
Ве следат емотивни немири. Саканата личност постојано ви создава дополнителни проблеми и поставува нови љубовни ребуси.
Здравје
Треба да се ослободите од дополнителен притисок.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО) „Некст тајм“ под Пирин планина:„Нешто ќе те питам бабо“ одекнуваше во срцата…

Македонскиот состав „Некст тајм“ кој е познат дека ги негува македонските изворни песни повторно воодушеви …