Во рамките на кампањата „Фраерски е да се чита“ книжарница ТРИ донираше книги на школската библиотека во ООУ „Крум Тошев“

Во рамки на кампањата „Фраерски е да се чита – недела на кул книги во ТРИ“, чија главна цел е поттикнување на свеста на младите за читањето и приближување на книгата до нив, Издавачки центар ТРИ го збогати фондот на школската библиотека во ООУ „Крум Тошев“ од с. Трубарево со одбрани книги за млади.

 

Од денес учениците од ООУ “Крум Тошев” ќе имаат на располагање нови 200 извонредни наслови преку кои ќе се обидуваме да им го доближиме чудесниот свет на книгата и да ги поттикнеме таа да им стане секојдневје и верен пријател во животот.

Искрено се надеваме дека учениците ќе уживаат во новите авантури што ги чекаат меѓу кориците!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

Еден детски живот зависи од нас: Да бидеме хумани и да и помогнеме на Мила!

Мила има 2 и пол години, и има сериозно оштетување на мозокот и доцнење во …