(ВИДЕО) Кремаст млечен колач кој може да биде и торта: Освојува при првиот залак!

Ви треба рецепт за колач кој сите ќе ги воодушеви? Кремест млечен колач е вистинско откритие за сите љубители на колачи. Толку кремаст, толку сочен, просто привлекува да се изеде. Колачот е многу лесен и едноставен за подготовка. Вкусот малку поотсетува на принцес крофни…А, може да послужи и како торта…
Состојки:
Кора:6 белки, 6 лажици шеќер,малку арома од ванила, 3 лажици гриз, 3 лажици брашно.
Прелив: 150 мл млеко
Прв фил: 6 жолчки, 350 мл млеко, 1 кесичка пудинг од ванила (40 г), 100 г шеќер во прав, 1 кесичка ванилин шеќер, 125 г путер, 100 г млеко во прав, 1 кесичка ванилин шеќер.
Втор фил:40 г шлаг, 100 мл ладна минерална вода, 100 – 150 г мелени бисквити
Подготовка: кора:соединете ги брашното и гризот. Одвојте ги белките од шолчките. На белките додајте им шеќер, арома од ванила па изматете цврст снег. Потоа додајте ги брашното и гризот. Убаво измешајте и истурете на тава (38х34 см) покриена со хартија за печење. Ставете во рерна загреана на 190 степени и оставете да се пече 15- 20 минути, додека малку не поцрвени. Испечената кора покријте ја со чиста кујнска крпа и оставете да се излади.Потоа изладената кора одвојте ја од хартијата и вратете во тавата па избоцкајте со вилушка и полијте со млекото. Исечете ги рабовите.
Кората поделете ја на три дела и исечете.
Прв – жолт фил:ставете 250 мл млеко да се загрева. Во остатокот млеко изматете 6 жолчки, шеќер, пудинг и измешајте. Кога млекото ќе зоврие ставете ја смесата со жолчки и сварете густ крем. Најдобро е сварениот крем да го префрлите во друг сад, покријте со прозирна фолија и оставете да се излади.
На изладениот фил додајте му ги пенесто изматениот путер со млекото во прав и шеќерот во прав. Се’ убаво соединете со миксер.
Втор фил: шлагот изматете го според упатството на кесичката. Додајте 100 – 150 г мелени бисквити (зависно од густината што ја сакате).
Колачот редете го по овој редослед: кора – 1/2 жолт фил – кора – втор фил – кора – 2/2 на жолтиот фил.
Во видеото можете да го погледнете деталниот начион на подготовка:

Извор:www.cooking.rs

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Како изгледаат 48. славни жени без шминка: Која ви е најубава холивудска дива во природно издание?

Популарниот хаштег #nomakeup на Инстаграм има повеќе од 17. милиони следбеници! Која е вашата омилена …