(ВИДЕО) Колевка на смртта убила 32. деца:Американска компанија после 10. години ја повлекува спорната лежалка!

Од пазарот се поблекуваат вкупно 4,7 милиони од лежалките „Rock‘n Play Sleepers“. Бебињата се свртеле на стомак и угушиле…
Американската компанија „Фишер-Прајс“, позната по производство на играчки и опрема за деца, од пазарот повлекла скоро 4,7 милиони лежалки за бебиња откако е утврдено дека тие се одговорни за смртта на најмалку 32. бебиња, во последната деценија.
Американската комисија за безбедност на потрошувачите (CPSC))соопштила дека смртта на бебињата се случила во лежалката „Rock‘n Play Sleepers“, и тоа откако бебињата се свртеле на стомак или на страна, додека не биле под надзор. Не е прецизирано како точно бебињата починале, но се верува дека се угушиле.

Комисијата навела дека секој кој ја купил оваа „лежалка“ треба веднаш да престане да ја користи и да ги контактира „Фишер-Прајс“ поради рефундирање на трошоците на цената.
Американската академија на педијатри (American Academy of Paediatrics – AAP) во средината на минатата недела повикала на повлекување на оваа лежалка наведувајќи дека станува збор за производ кој не е безбеден и може да предизвика смрт.


„Кога родителите во продавница купуваат производи наменети на бебињата или децата сметаат дека тие треба да бидат безбедни за употреба. Трагично, но тоа не се случило во овој случај“, рекла Кјала Јасада, претседател на ААП.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО) Како изгледаат 48. славни жени без шминка: Која ви е најубава холивудска дива во природно издание?

Популарниот хаштег #nomakeup на Инстаграм има повеќе од 17. милиони следбеници! Која е вашата омилена …