(ВИДЕО) Двата Мерцедеси во колона влегле во бокс – Се’ било готово за 6,2 секунди!

Луис Хамилтон победи на Големата награда на Кина во Шангај и дошол до 75. победа во кариерата.
Британецот во првата кривина го претекнал тимскиот колега Валтери Ботас и Мерцедесите до крајот на трката рутински ги држеле првите две места, што се случило на сите три трки оваа сезона. Трет бил Себастијан Фетел во ферари, а четврти Макс Ферстапен во ред Бул.
И’, додека трката сама по себе не била премногу интересна, освен маките на ферари со тактиката, фасцинантен момент се случил во 37. круг кога Мерцедес на своите возачи им наредил и двајцата да влезат во боксот.

Хамилтон и Ботас излегле од патеката и буквално во колона влегле во боксот. Со два сета гуми и неверојатна упорност механичарите на Мерцедес на Хамилтон му ги промениле гумите за 3,2 , а на Ботас за три секудни и „сребрените стрели“ се вратиле на патеката на врвот на поредокот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

Фати забава со LISCA и #MyLiscaVibes го размрдаа Охрид

Викендов на Golden beach во Охрид,познатиот бренд Lisca организираше дружба под името „Фати забава со …