Ја мачела несоница па се откажала од кафето на седум дена: Еве што се случило!

Денот без кафе на некои луѓе едноставно им е незамислив. Точно таков бил и за Аманда МекКој, која поради проблемот со несоницата одлучила да го исфрли кафето од својата дневна рутина и тоа на седум дена. А, своето искуство го споделила на Popsugar.
„не само што лошо спијам, тешко ми е воопшто да се успијам, а да не зборувам за тоа колку пати ноќе се будам“, рекла Аманда и ја започнала својата приказна.
„Првиот ден без кофеин не мина лошо. Тоа утро работев по дома а после отприлика час и половина одлучив да одам во теретана. После тренингот бев полна со енергија и полет поради што помислив дека сум на добар пат“, раскажала.


„Во текот на остатокот од неделата се разбудував со трчање и конзумирање на разни сокови и смути. Се чувствував подобро, но морам да признаам, не на начин на кој очекував дека ќе биде. Кога станува збор за спиењето забележав мал напредок, не се вртев по креветот како инаку, но и понатаму ноќе се будев по неколку пати“, изјавила.
„Она што сигурно беше подобро, срцето не ми чукаше толку брзо како што се случуваше после испиеното кафе. Или можеби тоа е поради смутито и соковите кои ги конзумирав наутро, но до крајот на неделата се чувствував полесно, посвежо и со подобро расположение“, заклучила Аманда.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

Фати забава со LISCA и #MyLiscaVibes го размрдаа Охрид

Викендов на Golden beach во Охрид,познатиот бренд Lisca организираше дружба под името „Фати забава со …