(ФОТО) Фотографи од венчавки откриваат кои детали на свадбата откриваат дали двојката ќе се разведе!

Венчавката е незамислива без фотограф.
Покрај младенците, кумовите и сватовите и матичар, тие се составен дел на секоја венчавка, поради што со тек на време стануваат вистински експерти за врски. Поради тоа е сосема разбирливо кога еден корисник на Reddit во групата поставил фотографии од венчавка, а се однесуваат на знаците кои на венчавката одаваат дека бракот нема да потрае. Своите зебелешки ги изнеле многу фотографи а во продолжување одвоивме неколку најистакнати:

Начинот на кој ја сечат тортата
„Според мене еден од најголемите знаци колку ќе потрае бракот е начинот на кој младенците ја сечат тортата“, напишал еден фотограф.
„Некои младенци сакаат во шега еден со друг да се размачкаат со торта по лицето, а обично се сложни. Паровите кои не се согласуваат околу тоа и кај кои едно лице размачкувањето на лицето со торта го смета за интересно, додека другото се лути, обично бргу се разведуваат“, образлож ил фотографот.

Начинот на кој се однесуваат еден кон друг
„Кога младенците на венчавката, и покрај големиот стрес, еден кон друг (но и кон гостите) се однесуваат внимателно и со почитување, тоа е знак дека лесно ќе се справуваат со сите предизвици и проблеми кои ги носи брачниот живот“, заклучил друг фотограф.

Кога некој од младенците е многу потивок од другиот
„Кога едно од младенците е многу тивко на својата венчавка, тоа е обично лош знак. Еднаш бев на венчавка на која младоженецот беше нерасположен и едвај зборуваше со гостите. Кога ги изработив фотографиите младенката бараше попуст бидејќи младоженецот на ниту една не беше насмеан. Подоцна се разведоа“, раскажал трет фотограф.

Ако не се во ист тим кога работите ќе тргнат на лошо
„Еден од најјасните знаци дека некој пар ќе се разведе е кога не се еден на друг подршка во текот на стресните ситуации кои на венчавката ги има многу. Среќните парови низ сите проблеми минуваат заедно. Младенците кои на свадбата се расправаат и подбуцнуваат еден со друг најчесто не издржуваат долго во брак“, додал уште еден фотограф.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ФОТО) РАКОТ НА КОЖА НЕ Е ШЕГА – На познат ТВ готвач му дијагностицирале четврти стадиум на рак:„Имам уште 12. месеци живот“

Британскиот шеф Тим Билтон, познат по учеството на кулинарската емисија „Great British Menu” на BBC, …