(ВИДЕО) Солени коцки со спанаќ: Совршено ладно предјадење!

Идеално предјадење за слава или сосема обични пригоди кое се подготвува многу лесно…
Состојки за првата кора: 2 јајца, 100 г брашно, 1/2 лажичка сол, 1/2 лажичка прашок за печиво, 50 мл масло, 100 мл јогурт
Состојки за првиот фил: 50 г гауда сирење, 2 лажици кисело млеко, 1 лажица мајонез, 100 г шунка
Состојки за втората кора: 2 јајца, 200 г замрзнат спанаќ, 100 г брашно, 1/2 лажичка сол, 1/2 лажичка прашок за печиво, 50 мл масло, 100 мл јогурт
Состојки за вториот фил:2 јајца, 50 г гауда, 2 лажици кислео млеко, 50 мл млеко, 100 г печеница
Подготовка: прво сварете го спанаќот во насолена вода, исцедете и оставете да се излади.
Прва кора: соединете ги брашното, солта и печивото. Изматете ги јајцата и постепено додавајте ги јогурот и маслото. На смесата додајте ги сувите состојки. Тепсијата во која ќе печете обложете ја со хартија за печење. Рамномерно истурете ја смесата и ставете во рерна загреана на 200 степени. Печете околу 30 минути. Испечената кора покријте ја со чиста крпа и оставете да се излади.
Додека се пече првата кора подгответе ја втората. Се подготвува исто како и првата со додавање на исечканиот спанаќ. Печете околу 25. минути во рерна загреана на 200 стпеени. Испечената кора покријте ја со чиста кујнска крпа.
Време е за подготовка на филот: соединете 2 лажици кисело млеко и 1 лажица мајонез.
Во тавата во која сте ги печеле корите ставете ја првата кора па наредете тенки листови гауда. Преку тоа рамномерно распоредете ја смесата со кисело млеко и мајонез. Преку филот наредете 100 г тенко сечена шунка. Преку тоа ставете ја кората со спанаќ па повторно сирење, па чадена печеница.
Втор фил: изматете 2 јајца со 2 лажици кисело млеко и 50 мл млеко а потоа смесата истурете ја преку печеницата и вратете во рерна на десетина минути.
Оставете да се излади а потоа исечете на коцки и послужете.
Детален опис за подготвока можете да видите во видеото:

Извор: www.cooking.rs

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

Еден детски живот зависи од нас: Да бидеме хумани и да и помогнеме на Мила!

Мила има 2 и пол години, и има сериозно оштетување на мозокот и доцнење во …