(ВИДЕО) ПОСНО – Сочен ролат со спанаќ: Ќе го правите и кога не се пости!

Спој на вкусни и меки кори и крем фил
Ролатите се прават брзо и лесно а и убаво изгледаат на свечените трпези. Интересна работа кај посните ролати е што се полесни (нема млеко, нема јајца), бргу се прават а се многу вкусни.
Денес ви претставуваме сочен посен ролат со спанаќ и туна.
Состојки за кората:150 г брашно, 1 лажичка сол, 1 лажичка прашок за печиво, 200 г спанаќ, 200 мл минерална вода, 2 лажици масло.
Состојки за филот: 1 конзерва туна (180 г), 100 г посен мајонез, малку оригано – по вкус.
Подготовка: сварете го спанаќот, исцедете и оставете да се излади па ситно исечкајте.
Рерната вклучете ја на 200 степени. Во поголем и длабок сад ставете ги брашното, печивото, солта – измешајте.Додајте го спанаќот, соединете и на крај минералната вода и маслото. Се’ убаво измешајте и истурете во плех покриен со хартија за печење. Ставете во рерна и печете околу 10. минути. Кората е тенка и бргу се пече.
Испечената кора, малку изладена со хартијата завиткајте ја во ролат и оставете да се излади.
За филот исцедете ја туната, иситнете и убаво измешајте со посниот мајонез и малку оригано. Одвиткајте ја кората, лесно одвојте од хартијата и намачкајте го филот, внимавајќи да оди до рабовите, но да не истекува. Повторно завиткајте во влажна крпа и префрлете на чинија па во фрижидер.
Изладениот роалт исечете го на кругови и послужете.

Иавор: cooking.rs

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

Фати забава со LISCA и #MyLiscaVibes го размрдаа Охрид

Викендов на Golden beach во Охрид,познатиот бренд Lisca организираше дружба под името „Фати забава со …