(ВИДЕО) Меѓу 3.500 кандидати блесна македонското девојче – Славица Ангелова одржа лекција од пеење!

Нејзината изведба го крена присутните во студиото на нозе…
Конкуренцијата од 3.500 кандидати не беше пречка за 17.годишната Славица Ангелова да влезе во потесниот круг на бугарскиот „The voice“. Таа е единствената натпреварувачка од Македонија, а на сцената покажа и докажа како се пее во Македонија.

Хитот „What’s up“ од„ 4 Non Blondes“ беше изборот на Славица, а нејзината изведба го крена целото студио на нозе. Познатата поп пејачка, Михаела Филева и даде зелено светло на нашата натпреварувачка и со тоа ја зема во својот тим.

Останатиот дел од жирото исто така не ги штедеше пофалните зборови за Славица, а во продолжение погледнете како изгледаше Славица на сцената на „The voice“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

Еден детски живот зависи од нас: Да бидеме хумани и да и помогнеме на Мила!

Мила има 2 и пол години, и има сериозно оштетување на мозокот и доцнење во …