(ВИДЕО) Кик бокс: Македонецот Даниел Стефановски стана светски шампион

Македонскиот кик боксер Даниел Стефановски го совлада својот противник Софијан Алилуше од Франција за светската титула ИСКА и стана светски шампион.

ИСКА е една од најголемите кик бокс организации. Со победата над Алилуше, Македонецот Стефановски, кој во јавноста се појавува со македонските симболи, ја освои титулата светски шампион по К-1 правила до 81,5 килограми.
Даниел Стефановски живее и работи во Цирих, Швајцарија, каде што е и роден, а неговите родители по потекло се од Куманово.

Погледнете го настапот на видеото:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) СЕКАДЕ Е ИСТО – Порака на соседите во Сплит станала хит на Фејсбук:„Поздрав неандерталци…“

ФОТОГРАФИЈАТА СО ПОРАКА на соседите од една зграда во Сплит предизвикала различни реакции после што …