(ФОТО) Матурскиот фустан на оваа девојка станал вистински хит: На луѓето не им се верувало што гледаат!

“Мојот пријател не можеше да поверува што гледа, мораше два пати да го погледне фустанот. Мислеше дека цвеќињата се испечатени”.
Месеците напорна работа ѝ се исплателе на Сијара Ган, 17-годишна ученичка од Филипини која за својата матурска вечер изработила прекрасен фустан кој веднаш станал хит на социјалните мрежи.

Сијара подеднакво ја сака уметноста и науката, но во изработката на фустанот преовладувала љубовта кон уметноста. Наместо да купи веќе сошиена креација, Ган со помош на својата мајка создала прекрасен фустан кој рачно го насликала.

“Мојата мајка ме поттикна да го направам фустанот. Сакам да испробувам нови работи и помислив ‘зошто да не’. Тоа беше последниот голем настан во средното училиште и имав месеци за подготовка”, изјавила девојката.

Најпрвин се обратила кај експерт за дизајн, но откако не ѝ се допаднал резултатот, одлучила сѐ да направи сама од почеток до крај.

 

Таа заедно со мајка ѝ купила речиси три метри ткаенина, кринолина и Сваровски кристали.

Најпрвин шиеле парче по парче од фустанот, а цртањето на цветови по кринолината траело пет дена.

“Неодамна повторно ја прочитав книгата ‘Tiger Lily’ од Џоди Лин Андерсон и одлучив да нацртам портокалови цветови. Не цртав рози бидејќи, иако се убави, тие не го одразуваат мојот карактер. Јас сакам силни бои, како портокалова и зелена”, вели Сијара.

Фустанот бил готов после еден месец, а таа молчела за него сѐ до матурската вечер.
“Мојот пријател не можеше да поверува што гледа, мораше два пати да го погледне фустанот. Мислеше дека цвеќињата се испечатени”.

Фотографиите од фустанот, Ган ги објавила на социјалните мрежи, а досега на Твитер собрале над 389. илјади лајкови.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

Фати забава со LISCA и #MyLiscaVibes го размрдаа Охрид

Викендов на Golden beach во Охрид,познатиот бренд Lisca организираше дружба под името „Фати забава со …