(ФОТО) Таа е во жижата на светската јавност: Направила чудо во историјата на тенисот а свршена е за колешка!

Малку кој до пред некој ден слушнал за британската тенисерка Тара Муг, 479. на ВТА листата.
Тара во жижата на јавноста пристигнала после најголемиот пресврт во историјата на тенисот!
Таа губела 0:6, 0:5 од Џесика Понш од Франција која тогаш имала и меч топка (30:40), но Тара успеала да победи.
Мечот од ИТФ турнирот во Сандерленд е завршен со резултат 0:6, 7:6, 6:3!
Нормално, јавноста веднаш „загребала“ по површината па се појавиле детали од животот на Британката, инаку по потекло од Кина.
Тара е свршена за швајцарската тенисерка Кони Перин.

Тие две првпат “се споиле“ на турнирот во Франција во 2011. година, но патиштата им се разминале, бидејќи Тара повеќе сака да игра на тврди подлоги, а Кони на земја. Меѓутоа, повторно „се споиле“ во 2016. година,кога се свршиле.

Тара ја запросила Кони.

„Ако е таа среќна и јас сум. Во врска сме, но таа ми е најдобра пријателка и најголема навивачка“, рекла тара Мур.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Глумецот од сериите „НЦИС“ и „Бул“ ослабнал 20. килограми без „теретана“ – Открил и како!

Актерот Мајкл Ведерли, sвездата на сериите „Бул“ и „НЦИС“, неодамна призна дека се здебелил. За …