(ВИДЕО+ФОТО) Работела како готвачка а поради овие фотки објавувани на интернет заработува милиони!

После повредата на колено на кошарка, Австралијанката, Џем Волфи, „се лекувала“ во теретана. Почнала да објавува фотографии и снимки на Инстаграм, а сега ја следат повеќе од 2,5 милиони луѓе…
Австралијанката Џем Волфи (27) е бивша готвачка. Средното училиште го напуштила за да работи по 70. часа неделно во кулинарството, но сфатила дека тоа не е нејзина работа од соништата па почнала да се бави со кошарка. Но, во 2015. година многу го повредило коленото, што ја натерало да започне рехабилитација во теретана.

View this post on Instagram

Current shape 👊🏼 #allnatural

A post shared by Jem 🐺 Wolfie (@jemwolfie) on

На социјалните мрежи почнала да објавува фотографии и снимки од тренингот, а тие набргу станале хит на Инстаграм. Комбинацијата на разголени фотографии од теретана и кошаркарски трикови ја довеле до титулата инфлуенцер.

Денес ја следат повеќе од 2,5 милиони луѓе. Продава електронски книги со вежби и рецепти и секој ден заработува околу 20.000 евра со помош на страницата за претплатници на OnlyFans. Преку тие деловни потфати од минатиот август до сега заработила повеќе од 900.000 евра.

„Почнав да објавувам видеа на Инстаграм, не само за да се мотивирам себе и повеќе и почесто да тренирам, туку и да ги мотивирам другите да го направат истото. Ставам многу клекнувања бидејќи знам дека мојата публика ги сака. Никогаш не смеете да го прескокнувате ‘leg day’“, рекла Волфи за Perth Now.

Додава дека не може да негира дека надворешниот изглед и помогнал да успее. Иако илјадници луѓе и даваат комплименти, ги има и оние кои не веруваат дека нејзиното тело не е природно. Таа тврди дека нејзините облини се обликувани само со терет и дека секој може да ја промени својата фигура со знаење и вистински вежби.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

Фати забава со LISCA и #MyLiscaVibes го размрдаа Охрид

Викендов на Golden beach во Охрид,познатиот бренд Lisca организираше дружба под името „Фати забава со …