(ВИДЕО) Млада и непозната глумица ќе биде принцезата Дијана во „Круна 4“!

Младата и на широката јавноста непознатата глумица Ема Корин ќе ја игра принцезата Дијана во серијата „Круна“ (The Crown).
Ема ќе се појави во четвртата сезона, соопштил Нетфликс, а снимањето почнува наскоро, иако сеуште не сме ја виделе третата сезона.
После две наградувани сезони кои ја восхитиле публиката ширум светот, „Круна“ во новата сезона ќе направи „скок“ и ќе ја измени актерската постава.


Наместо Клер Фој и Мет Смит ќе ги гледаме Оливија Колман и Тобајас Мензис во улогата на кралицата Елизабета Втора и принцот Филип. На екипата се придружила и Хелена Бонам Картер во улогата на принцезата Маргарета.
Нетфликс се уште не објавил кога ќе пристигне третата сезона.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

Фати забава со LISCA и #MyLiscaVibes го размрдаа Охрид

Викендов на Golden beach во Охрид,познатиот бренд Lisca организираше дружба под името „Фати забава со …