„Rock the opera“ во Македонската филхармонија со втор концерт

Поради огромниот интерес за концертот Rock the opera, кој ќе се одржи на 12 април во Македонската филхармонија, закажан е втор концерт за наредниот ден, на 13 април, исто како и првиот, со почеток во 20:30 часот.

Билетите за вториот концерт се веќе пуштени во продажба, преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com.

На концертот ќе бидат изведени најлегендарните рок-песни и најдобрите звуци испреплетени во одлично искуство.

Најпопуларните песни од настапите вклучуваат: Pink Floyd – Shine On You Crazy Diamond, Comfortably Numb, Echoes, Another Brick In The Wall, Deep Purple – Highway Star, Fireball, Smoke On The Water, When A Blind Man Cries, Queen – The Show Must Go On, We Are The Champions, A Kind Of Magic, Led Zeppelin – Stairway To Heaven and Kashmir, U2 – With Or Without You and Where The Streets Have No Name.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

На „Скопје Филм Фестивал“ две работилници: Средба со актерката Анастасија Евграфова

На годинешното 22. издание на Скопје филм фестивал, се одржуваат две работилници за различни аспекти …