Лошата исхрана е виновна за 20. проценти на смртни случаи во светот – потврдила студија!

Според едно истражување објавено во списанието „The Lancet“, 20. отсто од сите смртни случаи во светот се поврзани со лошата исхрана…
Анализирајќи ги податоците за исхраната од 195. земји, во период од дваесет години, како и епидемиолошки студии за здравствените ризици и добивките поврзани со исхраната,научниците проценуваат дека во светот во 2017. година имало 11. милиони смртни случаи пред се’ поради лоша исхрана.

„Луѓето, независно од возраста, полот, земјата, престојувалиштето и општествено-економските статуси, во одредена мерка се погодени со лошите прехрамбени навики. Ниското ниво на внесување здрава храна и високо ниво на внесување лоша храна се причина за смртноста во многу земји“, вели коавторката на студијата, др. Ашкан Афшин од Универзитетот во Вашингтон.
За жал, ниту еден регион во светот не ги задоволил во потполност прехрамбените барања кои тие, работејќи на студијата ги предлагале – како овошје, зеленчук, целовити житарки, јаткасти плодови, мешунки и полинезаситени масти.

Замјите во кои најдобро се јаде се Израел, Франција, Шпанија и јапонија. Тие имаат најниска стапка на смртност предизвикана со прехрамбените навики.
„Станува збор за земји кои имаат прехрамбени навики најблиски до медитеранскиот систем на исхрана, односно јадат многу овошје и зеленчук, јатки и здрави масла“, објаснила др. Ашкан Афшин.


Најзагрижувачки податоци кои ги откриле во текот на студијата е дека на глобално ниво луѓето конзумирале само 12 отсто од препорачаните количества на јаткасти плодови и 23 отсто од идеалното количество целовити житарки, а тоа е она што е клучно за здравјето на срцето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

Каква е грижата и што добиваат пациентите со ретки болести

Се зголемува грижата за пациентите со ретки болести. Зголемен е буџетот што државата го издвојува …