Кој е македонскиот производ што ја освои Саудиска Арабија?

Производите за здрава храна на “Виталиа”сериозно го освојуваат азискиот континент. Овој пат тоа е најголемата земја на Арапскиот Полуостров – Саудиска Арабија,а соработката и пласманот на овој македонски брендзапочнаа во 2017 година.

Најмалку педесет производи од „Виталиа“ можат да се најдат на полиците во маркетите во Саудиска Арабија, а од нив најголем интерес има за премиум баровите и спортските барови.

Овојуспехседолжина квалитетот на внимателно селектираните производи кои се одликуваат со здрави нутритивни состојки и врвен квалитет.

Во Саудиска Арабија се наоѓаат најсветите муслимански места – Мека и Медина. Таму половина од населението го сочинуваат лица помлади од 25 години, па логична е и потребата за здрава исхрана и вежбање. Од октомври 2018 година, саудиската економија стана најголема на Блискиот Исток и 18-тата најголема во светот.

Виталиа е најголемиот производител на здрава храна во Македонија, компанија која е рангирана меѓу најголемите извозници во прехранбената индустрии во Република Македонија.  Иновативна компанија, која ги следи потребите на потрошувачитеи која создава здрави производи за различни генерации, и различни целни групи.

 

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ФОТО) Ѕвезда на „Игри на троновите“ морала драстично да го промени изгледот и да ослабне за новата улога

Се емитува последната сезона на „Игри на троновите“ и фановите веќе го оплакуваат завршувањето на …