Благоја Куновски – Доре, претседател на жирито на „Фипресци“ во Москва

Филмскиот критичар и уметнички директор на фестивалот „Браќа Манаки“, Благоја Куновски-Доре, од 18 до 26 април кога  ќе се одржува 41 издание на А-категорниот , МИФФ/Интернационалниот Филмски Фестивал во Москва, на предлог на генералниот секретар Клаус Едер, ќе претседава со жирито на филмската критика ФИПРЕСЦИ.

Ова на Куновски ќе му биде едно од најголемите признанија бидејќи ќе претседава со жирито на критиката на еден од 10-те најголеми светски филмски фестивали. Досега Куновски бил претседател на жиријата на ФИПРЕСЦИ на фестивалите во Истанбул, Ротердам, Гетеборг, Штокхолм, Женева, Бидгошч.

Жирито на ФИПРЕСЦИ на 41. фимски фестивал во Москва ќе ја вреднува Главната компетиција од чии 13 селектирани светски филмови ќе избере еден кој ќе ја добие престижната награда на светската критика.

Во пет- членото жири на ФИПРЕСЦИ во Москва (ова е дури поголемо за еден член од  Главното жири кое има само 4 членови), покрај Куновски како претседател, членуваат уште критичарите: Андреј Василенко од Руската Федерација, Андони Итурбе Толоса од Шпанија, Елена Рубашевска од Украина и Сањин Пејкович од Шведска.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ВИДЕО) ПРИМЕР ОД ЖИВОТОТ: Е, вака се следи водачот – лидерот!

„Како овци се“ е слоган кој е доста присутен и кај нас а се однесува …