Тинејџер педофил кој направил „прирачник за убиство“ со намера да мачи и убие 30. девојчиња се нашол пред судот…
Хари Ли (19) сакал да стане познат како „Убиец со црвени ленти од Хејстингс“ и планирал да убива млади деовјки и да остава црвени ленти по нивното тело.
Полицијата ја пребарала куќата на Ли во Хејстингс, откако бил уапсен за силување на 15. годишна ученичка на која и понудил помош околу домашната задача.
За време на претресот полицијата го открила прирачникот за убиство, пласитчни фолии, карти и збирка ножеви, јавува британски „The Sun”. После неговото апсење на полицијата и се јавиле поголем број девојчиња кои Ли ги нападнал.
За време на судењето тинејџерот се изјаснил за виновен по пет точки од обвинението, за поттикнување на четири девојчиња на возраст од 13. до 15. години да се впуштат во сексуални активности, осум точки за терање на седум девојчиња на возраст од 12 и 15. години да гледаат сексуален чин и три точки дека во јануари 2018. година направил непристојни слики на деца. За силувањето на ученичката осуден е на осум години затвор.
One very dangerous individual:
Hastings teenage rapist Harry Leigh planned to become serial killer | The Argus https://t.co/fMH3GoKm29— Tail 💜 (@DogWaggedByTail) April 6, 2019
На судењето било кажано дека со злосторствата започнал кога имал 13. години.
„Тој е упорен сексуален престапник чии злосторства станувале потешки како што растел“, рекол обвинителот.
Додека бил под истрага поради силување, едно девојче ја известило полицијата дека и испратил порака во која и рекол дека сака да биде сериски убиец. Исто така објавувал и твитови за тоа дека сака да убива луѓе.
Судијата Дејвид Рени рекол дека психијатрите утврдиле дека тој има психопатски црти.
„Во истрагата полицијата на компјутерот нашла фолдер наречен „Убиец со црвени ленти“. Фолдерот содржел слики од сериски убијци, студии за сериски убијци ширум светот, изразување омраза кон одредени индивидуи, исмејување на полицијата бидејќи не успева да фати убиец пред да направи злосторство, детални карти каде како убиец би ловел жртви, како и листа од 30. потенцијални жртви“, рекол судијата обраќајќи му се на обвинетиот.
„Хари Ли очигледно е многу опасна млада личност“, рекла наредничката Ема Брајс.
Ли е доживотно ставен на листата на сексуални претстапници и 15. години нема да смее да пријде на деца помлади од 16. години а ќе има и ограничен пристап на компјутер, кога ќе излезе на слобода.
Подготви:Г.О.