(ФОТО) Поради страв од сиромаштија Бреговиќ „тежок“ 36. милиони евра во недвижности: Има околу 30. куќи и станови!

Секоја вила на Горан Бреговиќ е проценета на барем 1. милион евра. Музичарот ги „накупувал“ поради страв од сиромаштија: мајка му го оставила кога имал 16. години…
Горан Бреговиќ (69) е сопственик на 30. инна недвижности. Тоа се главно луксузни вили, а поседува и станови и гарсониери. Неговото богатство во недвижности се проценува на околу 36. милиони евра.


Во Загреб во 2005. година купил двокатница од 550. квадратни метри. Ја изнајмува за 5.500 евра месечно.
Бреговиќ во Белград, тврдат неговите соседи, има 15. инна куќи. Кога ќе дојде во Србија, живее во белградската населба Сењак, во луксузна вила заградена со висок ѕид и врата од гаража на далечинско управување. Дворот не може да се види од напред. Како заштита од крадци поставил и видеонадзор. Имотот покрај вилата е исто така негов. Тука направил објект кој наликува на сала за прослави, со трамболина, напред, за да тука си играат децата на неговите пријатели. И’ тој дел е заштитен од љубопитните погледи на јавноста со висока ограда.


„Цел живот имам страв од сиромаштија. Надвор не е како кај нас. Кога си на улица, немаш тетка да одиш на ручек, немаш вујко да позајмиш пари. Во војната во еден ден сте загубиле се’ што сте имале. Поради тој страв купив многу работи. Пред војната имав куќа, станови, бродови, автомобили…Сега повеќе не се грижам за себе, имам деца, па истиот тој страв го имам и за нив“, раскажал Бреговиќ.


На белградски Сењак има две вили, а неодамна покрај нив купил уште еден плац и сега тука гради нова вила која ќе има повеќе од 300. квадрати. Една од тие две се проценува на 3.500.000 евра. Бреговиќ само во пластеници инвестирал 10.000 евра, во кои сади домати и краставици.
Кога не снима или не е на турнеја, работи во својата градина. Рекол дека копањето најмногу го смирува и така се ослободувал од стресот. Во дворот имал дрва од јаболки и круши. Љубовта кон одгледувањето овошје и зеленчук му ја всадил татко му кој зеленчук садел на балконот. Бреговиќ пред 11. години падна од вишна бидејќи сакал домаќинката да му направи пита.После падот од високата вишна и операцијата на кичмата кога му беа ставени неколку штрафови за зацврстување на коските не се откажал од релаксирањето со земјоделието – само што сега не се качува на високи дрва.


Наводно, во секоја од неговите куќи постои барем еден вид зеленчук што го одгледува. Првата куќа која ја купил во 2007. година била онаа на Јахорина од 450. метри квадратни. Неговата планинска вила има шест спални соби, мала теретана и базен. Таму Тончи Хуљиќ (57), Петар Грашо (43) и Бреговиќ во 2011. година го снимале албумот „Madre Badessa“.
Во црногорското место Пераст има две куќи, една до друга. Покрај нив во 2009. година изградил дом за стари лица. Таму никој никогаш не се вселил бидејќи Бреговиќ од општината Котор не добил дозвола за употреба. Во домот за стари лица вложил 1. милион евра. Се пишувало дека купил хотел и вилата „Пераст“ кои ги проширил со ресторан и тераса но Бреговиќ никогаш не го потврдил тоа.


Освен вилата во Париз, Бреговиќ во 2015. година купил и вила на Босфор, во најелитниот дел на Истанбул. Наводно за неа издвоил 2. милиони евра. Неговата турска резиденција од една страна има излез на море кое ги раздвојува Европа и Азија, а од другата страна се наоѓа во ладовина на шума.
Пораснал во Сараево, во населбата Чекаљуша. Мајка му го напуштила Горан кога имал 16. години, после што бил препуштен сам на себе. Почнал да свири народњаци по кафеани во Коњиц, работел на градилиште и продавал весници.
На настапот на „Бештии“ го забележал Жељко Бебек (73) кој го повикал да свири бас гитара во неговата група „Кодекси“, што Горан го прифатил. Тие двајца во 1974. година го основале „Бијело дугме“.А, останатото е историја…

Подготви:Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Го смирува ЖЕЛУДНИКОТ, ја обновува СЛУЗОКОЖАТА: На овој начин подгответе ги семките од ЛЕН и прочистете го организмот

Ако имате болки во желудникот, се нервирате, пиете премногу лекови, лененото семе ќе биде вашата …