(ФОТО) Селин Дион ја открила причината за драстична загуба на килограмите

Кога славната пејачка Селин Дион во јануари се појавила на париската модна недела многумина биле шокирани со нејзиниот изглед. Драстично ослабнала, што ги загрижило нејзините фанови.
Меѓутоа, 51. годишната Селин тврди дека нема причина за грижа. Тврди дека зад губењето на килограмите стои активноста со која се бави: балет.


„Танцот отсекогаш ми бил во крвта. Тоа е мој сон, но доста е тешко“, изјавила пејачката за магазинот People.
Стилистот и танчер,Пепе Муњоз, и помогнал да се врати во форма за интензивните движења кои ги бара танцот.

„Вежбам четири пати неделно. Луѓето велат дека сум слаба, но навистина напорно тренирам. Сакам да бидам во движење, а губењето килограми доаѓа со тоа“, објаснила Дион.

Ако може да и се верува, не станува збор за проблем, туку за жена која ги живее своите соништа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Најлуда свадба во Србија – извадил „зоља“ за да гаѓа јаболко 

Српските свадби ги следат низа обичаи, а еден е да се гаѓа јаболко со пушка. …