(ФОТО) Репертоар на Театар за деца и младинци од 4. до 7. април

4.април – „Тоби“


Постои нешто, особено кај младите, што изгледа како непремостива препрека, никако не сте задоволни од сопствениот изглед.
Каква тага и горчина … Меѓутоа, ако имате, како јазовичарот Тоби, пријателка како госпоѓата Флора, вие многу брзо ќе ја надминете оваа безмислена грижа. Едноставно, со помош на пријателите ќе се видите себе си од еден сосема друг, среќен агол. Па, вие сте вешти, остроумни, а бога ми и многу згодни. И уште нешто, немојте да се китите со туѓи перја. Ќе излезете смешни.
И покрај овој суштински аспект на детската драма, во неа се читаат и откриваат навистина сеуште актуелни проблеми кај луѓето: необјаснива желба за промена на сопствениот изглед, ,потоа дискриминација по нај различни основи, физички, социјални, расни итн. Во секој случај најважно е ние самите да бидеме среќни и да бидеме прифатени со она што го носиме, со онашто имаме да го понудиме на овој свет.
Режисер – Драгослав Тодоровиќ
Играат:Марија Ѓорѓијовска,Катарина Илиевска Силјановска, Винета Дамческа Мојаноска,Ана Левајковиќ Бошков,Мики Анчевски.

loading...

5. април – „Малата сирена“


Драги гледачи, добредојдовте во Морското театарче за деца!
Вечерва ќе ви ја прикажеме нашата волшебна, надалеку прочуена претстава „Малата Сирена“. Во неа ќе видите како големата и вистинска љубов победува и успева да ги помири сите различности. Но, ќе видите и колку е тежок и полн со искушенија патот на израснувањето и созревањето. Нашите актери, тука, пред вашите очи, ќе се престорат во Сирената, Принцот, Морскиот крал, Морската Самовила, Големата Сирена, Златниот крал, Морската Вештерка и Октоподот. Во овие 50-тина минути тие ќе ве водат низ подводни дворци, морски брегови, кораби, бури, подводни мрачни пештери и златни замоци за да ви ја раскажат најубавата и најромантичната приказна што некогаш е напишана. Искрено се надеваме дека ќе уживате во ова волшебно патување низ прекрасниот свет на Малата Сирена.
Поздрав и ќе се видиме кога светлата ќе се запалат. Вашиот аплауз е нашата награда!
Искрено Ваш Морскиот Рак Андерсен – директор на Морското театарче за деца
Играат:Винета Дамческа,Ненад Митевски,Владимир Лазовски,Предраг Павловски,Драган Довлев,Изабела Новотни,Катарина Илиевска Силјановска, Марија Ѓорѓијовска,Ана Левајковиќ Бошков.


6. април – „Црвенкапа“


Уште една бајка за која не треба да се трошат зборови, зашто скоро и да нема дете на кое не му е позната приказната за девојчето, кое одејќи на пат кон куќичката на нејзината баба, во шумата налетува на волкот. Во драматуршката предлошка на Александар Поповиќ се појавува ликот на Иванка, која не постои во оригиналната приказна. Иванка е палавата другарка на Црвенкапа и во нашата претстава сосема солидно е одиграна од Винета Дамческа. За Ана Левајковиќ-Бошков, која ја толкува улогата на Црвенкапа, што и да се каже ќе биде премалку за да се опише нејзиното соживување со добро познатиот лик. Можеби најмаркантниот лик во оваа претстава е ликот на Волкот, одигран од феноменалниот Владимир Лазовски. Постојат и други Црвенкапи, на други театри, но ниедна од нив нема ваков Волк кој оставил толку силен впечаток кај детската публика. Прерано е да се каже дека ова е неговата животна улога, бидејќи Лазовски има потенцијал да им подари на децата уште многу вакви незаборавни театарски ликови. Ќе ги изеде ли Волкот Црвенкапа и Бабата, останува да проверете и да се уверите во сето она што сте го слушнале за оваа претстава.
Играат: Ана Левајковиќ Бошков, Винета Дамческа, Катарина Илиевска Силјановска, Марија Ѓорѓијовска, Влдимир Лазовски, Драган Довлев.


7. април – „Земја во која не се стигнува“


Мјузиклот „Земја во која не се стигнува“ е работен според истоимената радио-драма на Оливера Николова и музиката на Александар Џамбазов.
Адаптацијата на текстот и режијата се на Виолета Џолева, а старите, добри песни на Џамбазов се во нови аранжмани на Дамир Имери.
Музички продуцент е Александар Митевски , Кореограф е Професор Кренаре Невзати – Кери, Драматург на мјузиклот е Професор Маја Стефановиќ а Дамир Имери како музички аранжер.
Играат:Драган Спасов – Дац,Катарина Илиевска Силјановска,Мартин Јорданоски.
Актери – Деца:Јован Петровски,Лука Златков,Петар Златков,Михаил Николовски,Александар Грчев,Јован Дукмеџиев,Ена Исмаили,Ема Ќулавкова,Марија Јанчевска,Мања Митевска,Луна Бејков,Јелопи Седеу Нишевиќ,Лара Трпчевска,Лена Катја Илиевска,Ирина Давидовска,Неда Димкова,Ангела Алексовска.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПЕТ РАБОТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОЧИТУВА СЕКОЈА СВЕКРВА: Само така ќе има совршен однос со синот и снаата

Сите знаеме за стереотипот за свекрвите, кој не е најпозитивен. Меѓутоа, во пракса често е …