ФОТО) Прва слика после несреќата на водителката на која автобусот и ја „искорна“ раката!

Деа насмеана излегла од болницата, а раката,цела, и е во гипс и зацврстена со шипки и штрафови. Во почетокот на февруари на неа налета автобус и и’ ја откина раката…
Српската водителка Деа Ѓурѓевиќ (27) и понатаму се опоравува од стравичната несреќа која и се случила во почетокот на февруари. Во болницата ја посетил нејзиниот шеф, сопственик на телевизиската куќа Пинк, Жељко Митровиќ (51). Колегите ги сликале заедно, а потоа сликата ја објавиле на социјалните мрежи.

loading...

„Мојата Деичка е се’ подобро и подобро. Наскоро се враќа на работа. Едвај ја убедив да не доаѓа во сабота“, напишал Жељко а многу следбеници под објавата пишувале пораки со поддршка на водителката.
Деа насмеана излегла од болницата, а раката,цела, и е во гипс и зацврстена со шипки и штрафови. Нејзините лекари, семејството и пријателите секогаш истакнувале колку голем борец е и дека е многу позитивна по прашањето на опоравувањето.
„Најјаки сме“, напишала Деа во друга објава на Инстаграм, после несреќата. Во првата напишала дека не сака да дава изјави за медиуми и се заблагодарила на лекарите кои и помагаат.


Да потсетиме, водителката била дел од сообраќајна несреќа во Белград во која учествувале три автомобили и два автобуси. Деа прво имала судар со друг автомобил а потоа на неа налетал автобус и и’ ја откинал раката. Покрај неа посериозно биле повредени уште две лица.
За среќа. откинатата рака на Деа била сочувана а подоцна во текот на денот успешно и била пришиена за телото при што лекарите веруваат дека успешно ја завршиле работата и со поврзувањето на нервите.


Подготви:Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПЕТ РАБОТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОЧИТУВА СЕКОЈА СВЕКРВА: Само така ќе има совршен однос со синот и снаата

Сите знаеме за стереотипот за свекрвите, кој не е најпозитивен. Меѓутоа, во пракса често е …