(ФОТО) Баба ја дои внуката за да и олесни на ќерката!

Луѓето им кажуваат дека тоа што го прават не е природно, всушност дека е ‘гнасно’. Таа не се обѕира на тоа, а се чини дека мајката е подготвена на се за да и го олесни родителството на ќерката…


Суштина на приказната е дека бабата ја дои својата внука за да ќерката има малку повеќе време за себе. Еве за што всушност станува збор:
Како што пишува британски „Сан“ (Sun), медицинската сестра до Мисури, (САД), Џулија Кенонс (21) пред 10. месеци ја родила ќерката Наоми, а ја дојат и’ таа и’ нејзината мајка, баба на девојчето, Анѓела (47).


Со оглед на тоа дека и Анѓела се породила во тој период и има доволно млеко, почнала да ја дои својата внука. Првпат ја нахранила кога имала четири месеци и тоа трае до денес. Вели дека го обожува доењето и ги доела сите свои пет деца.
Џулија вели дека мајка и претходно ја прашала дали одобрува и таа одвреме на време да ја дои Наоми и дека неа тоа и е во ред.
„Се туширав а Наоми заплака. Мама ‘влета’. Секогаш имаше повеќе млеко отколку што треба, а ужива во доењето“, вели ќерката.
Додава и дека тоа и е огромна помош.


„Можам да го оставам детето кај мајка ми, односно нејзината баба, и јас за тоа време да се избањам, нешто да јадам или завршам други обврски. Покрај тоа, тие толку добро се поврзаа“, истакнува ќерката, односно мајката на Наоими.


Џулија вели дека луѓето им зборуваат дека тоа што го прават е гнасно и неприродно, а таа за сите има едно прашање:„Зарем доењето не е најприродната работа на светот?“

Извор и фото: The Sun

Подготви:Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПЕТ РАБОТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОЧИТУВА СЕКОЈА СВЕКРВА: Само така ќе има совршен однос со синот и снаата

Сите знаеме за стереотипот за свекрвите, кој не е најпозитивен. Меѓутоа, во пракса често е …