(ВИДЕО) Екран ви претставува: „The G Notes“ – семејно дуо кое работи на два проекти и со истите освојува!

Музичкото дуо „The G Notes“ работи во гевгелија но во скоро време планираат да „ја прошират“ територијата. Како и сите малди состави така и тие творат на два колосеци – обработка на странски хитови но и создавање нови, авторски песни.
Во дуото членуваат брат и сестра и тоа, Григор Гошев (29) и неговата помлада сестра, Теодора Гошева (23).
Денес ви го претставуваме нивниот 6.ти сингл на англиски јазик, а исто толку имаат направено и на македонски јазик.


Се работи за позитивна и певлива мелодија погодна за овој и летниот период. Видео записот е направен на Sani Beach” во Грција и на планината Кожуф близу Гевгелија. Во мај планираат да ја објават и македонската верзија од оваа песна a недалеку после тоа да направат и промоција на нивнот прв албум кој што ќе содржи 2 ЦД со по 8 песни (едното на македонски, а другото на англиски јазик).
Останува на овие млади музиќки ентузијасти да им посакаме успех и остварување на зацртаното бидејќи очигледно е дека се си имаат добро испланирано.

loading...

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПЕТ РАБОТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОЧИТУВА СЕКОЈА СВЕКРВА: Само така ќе има совршен однос со синот и снаата

Сите знаеме за стереотипот за свекрвите, кој не е најпозитивен. Меѓутоа, во пракса често е …