(ФОТО) Вардар повторно во финалето на СЕХА лигата:Денес против Загреб за титулата!

Вардар по седми пат ќе игра во финалето на СЕХА Газпром лигата откако го победи Мешков со 25-23. Утрешен ривал на Вардар во финалето е тимот на ППД Загреб.

Вардар заврши половина од работата на Ф4 турнирот на СЕХА Газпром лигата победувајќи го Мешков со 25-23 (14-10). Со овј триумф Вардар стана единствен тим што по седим пат ќе игра во финале на Ф4. Досега четирипати победувал, а сега очекува да биде и првиот тим што освои пет титули и три во серија.


Само два мали периоди во целиот натпревар во кои Мешков имаше водство, а се друго мина во доминација на „црвено-црните”. И покрај на моменти грубата игра на домашните ракометари, па и „чудните” одлуки на судиите Вардар имаше сила и голем мотив. И не дозволи изненадување.


Дури и кога Мешков во второто полувреме водеше тоа брзо се смени. На четири минути до крај Мешков намали на 23-22, а потоа следува три гола на Вардар за 25-22.


„Се надевавме дека ќе дојдеме до финалето. Знаевме дека ќе биде тешко бидејќи секогаш е тешко против тим кој игра на домашен терен на ваков турнир. Среќни сме и треба да одмориме после овој натпревар. Има време за подготовка. Не се потрошивме многу. Беше тешко на психолошки план бидејќи цела сала беше против нас. Најважно и драгоцено за нас е што успеавме во еден ваков меч да победиме. Докажавме дека имаме тимски карактер и тимски дух кој е нашиот најголем адут, изјави Тимур Дибиров.

Еден од јунаците на натпреварот беше Дејан Милосављев со 18 одбрани.

„Одбраните не се важни колку се на број туку во каков момент се направени. Залудно е ако јас имам 15-20 одбрани ако не и помогнам на екипата кога е потребно и што ќе играме ново финале”, изјави Милосављев.

Денес финалето со ППД Загреб е во 19 часот.

 

извор и фото: rkvardar.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Зверев признал дека боледува од дијабетес

Александар Зверев јавно признал дека со години боледува од дијабетес и најави формирање на фондација …