Зелениот чај е повторно во средиштето на вниманието. Освен што обилува со антиоксиданси, се нашол и на листата на „производи за слабеење“.

Поради своите прехрамбени и антиоксидативни вредности, на зелениот чај му се припишуваат имногу здравствени предности, вклучувајќи и губење на тежина. Се користи од дамнина во традиционалната кинеска медицина за лекување на разни здравствени состојби.
Зелениот чај го поттикнува слабеењето забрзувајќи го метаболизмот. Содржи катехински флавоноид, кој е антиоксидант и го поттикнува метаболизмот. Студијата објавена во 2010. година открила дека додатоци на зелениот чај содржат кофеин или катехините имаат мало но позитивно влијание на програмата за слабеење.


Редовното вежбање и конзумирање здрава храна со многу овошје и зеленчук е најделотворната стратегија за слабеење, но со зелениот чај резултатите ќе бидат поделотворни.
За да ослабнете со помош на зелениот чај потребно е да пиете две до три шолји од овој напиток во текот на денот, покажале резултатите од истражувањето на Медицинскиот центар на Универзитетот во Мериленд, САД.
Пијте чај после оброк во утринските и вечерните часови. Ако имате проблеми со несоница чајот не го пијте пред одење на спиење, туку порано.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ФОТО) Ѕвезда на „Игри на троновите“ морала драстично да го промени изгледот и да ослабне за новата улога

Се емитува последната сезона на „Игри на троновите“ и фановите веќе го оплакуваат завршувањето на …