Децата кои спијат со родителите се поумни и имаат повеќе самодоверба во возрасно доба

Ако го делите креветот со детето веројатно знаете дека е истовремено тешко и неодолливо. Можеби не можете да се наспиете како кога целиот мадрац го имате само за себе, а нaместо да го прегрнувате партнерот во пrегратка ви се најчесто децата. Сепак, јасно ви е дека тоа нема да трае засекогаш па сепак од ден на де на децата им дозволувате да си легнат покрај вас. Тоа има и некои предности.
Имено, според објавените резултати на научно истражување, децата кои спијат со родителите во возрасно доба се посигурни, поинтелигентни и имаат повеќе самодоверба.
Истражувањето открило дека децата кои слободно го напуштаат својот кревет среде ноќ и се вовлекуваат кај родителите постигнуваат подобри резултати на когнитивните тестови во првите класови на основното училиште.
Исто така, тие деца во возрасно доба се позадоволни со животот и посигурни кога се во прашање љубовните врски што пoсебно се однесува нa момчињата.


View this post on Instagram

Baby daddy back to work today 😭 between niggling it’s been the best two weeks ever! One less person to clean up after I spose 😬😘😘 #bestdadever


A post shared by 𝐑𝐞𝐧𝐞𝐞 (@renee.barendregt) on


„Се покажало дека мажите кои спиеле со родителите како деца имаат поголема самодоверба, поретко чувствуваат вина и не се анксиозни“, стои во заклучокот нa истражувањето.
Автори ан слично истражување, Робин Луис и Луис Јанда, исто така забележале репрезентативен број коментари на испитаните мажи и жени кои изјавиле дека се „чувствувале посигурни ако во текот на сонот можеле да се вовлечат во кревет кај мама и тато“.
„Не сум сигурна колку ми е удобно да спијам со стапалото од детето на лицето, но ќе се обидам наредниот пат да се сетам на овие предности“, коментар е на една мајка на резултатите на спроведеното истражуавње.
Заедничкото спиење со малечките бебиња не се препорачува поради опасност од синдромот на ненадејна смрт на доенчето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Осум здравствени придобивки од ПРЕСТОЈ ВО ТИШИНА: Најдете време за себе

Општо познато е дека бучавата не влијае добро на луѓето, но што е со тишината? …