Шумахер после 12. години во болид на Ферари

Мик Шумахер синот на легендарниот Михаел Шумахер, денес во Бахреин ќе вози болид на Ферари.
На тој начин еден Шумахер ќе биде зад воланот на Формула 1 на италијанскиот тим после 12. години и четири месеци. Толку минало откако Михаел го извозел последниот круг за Ферари.
Тоа ќе биде прв тест за Мик, да се види дали навистина има толку талент да може да оди во стапките на татко му и во Ф1.
Со своите досегашни резултати во пониските серии младиот наследник на Шумахер тоа го најавил.
„Сето ова е возбудливо за мене, бидејќи колку пати ќе го погледнам Мик во него го гледам Михаел, што е прекрасно. Сепак, јасно е дека на ова момче е и голем притисок, па се надевам дека луѓето нема да имаат нереални очекувања од него“, рекол Рос Брон кој долго соработувал со Михаел.
Мик имал само 14. години кога неговиот татко ја доживеал несреќата на скијање поради која е во многу тешка состојба.
Сепак, тоа не го спречило да оди кон својот сон да вози болид во Ф1. Денес ќе вози за Ферари, а утре ќе добие шанса и во болидот на Алфа Ромео.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

11 знаци дека мажот се откажува од вашата врска

Тажната вистина е дека дури и ако сте подготвени да поминете низ хаос само за …