(ВИДЕО) „Риплеј“ продолжуваат со нов сингл:„Redemption Song“ на Боб Марли во нивна верзија – на македонски!

„Риплеј“ со ново парче! Направија преработка на еден светски хит „Redemption Song“ од легендарниот Боб Марли, со македонски текст и нов аражман на песната.
Во тимот овој пат проектот го реализираа Мартин Мила за текст, Ангел Ќосев за аражман и изведувачите Никола Велиновски Црни – гитара и вокал, Столе Коцев – Саксофон и Ивана Стојановска – Вокал. Песната е насловена како „Небо сино“ , која со сигурност ќе навлезе далбоко во вас. Ова е 3.та преработена песна покрај и трите авторски. Полека но сигурно до албум.

Риплеј ќе имате можност да ги слушнете и во живо овој викенд на фестивалот АНДЕРФЕСТ во Скопје.
А сега слушнете ја „Небо сино“ и уживајте !


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Отец Оливер Петровски – Маж на годината за 2022 во избор на социјалните медиуми

Отец Оливер Петровски е Маж на годината во ибор на социјалните медиуми за 2022 година, …