(ФОТО) Шокантна диета на Ангелина Џоли: Јаде супи, семки и бомбони

Иако глумицата Ангелина Џоли јаде малечки количества храна, нејзините соработници велат дека често и’ заборава да јаде. Освен што внимава на исхраната, Ангелина редовно вежба…

Ангелина Џоли (43) последните години постојано ги загрижува обожавателите со губењето килограми. Глумицата висока 169. сантиметри некогаш варирала помеѓу 54 – 56 килограми, а во 2018. наводно паднала на помалку од 40. килограми. Џоли вели дека за се е причина стресот – од губитокот на мајката Маршел Бернтранд до разводот со Бред Пит, но голема улога има и нејзината исхрана…

Како што пишува магазинот „Мари Клер“, Ангелина се придржува до посебно мени на кое задолжително се супа и житарки, потоа оброк со чиа семки, просо, квиноја и рж за кои глумицата вели дека и „даваат енергија и дека кожата и е посјајна“. Џоли се потпира и на контролирање на големината на порциите.

Нејзиното дневно мени, пишуваат американските медиуми, наводно изгледа вака:
Појадок:1 лажица масло од кокос и житарки.
Ручек: Протеински шејк, неколку бадеми и гумени бомбони.
Вечера: Тенко сечено месо и чаша вино

Иако ова се малечки количества храна, нејзините соработници велат дека често заборава да јаде. Освен што внимава на исхраната,Џоли редовно вежба. Во нејзиниот распоред се одењето на јога, кикбокс, како и тренинг со отпор…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

loading...
Loading...

Видете следно

(ФОТО) Ѕвезда на „Игри на троновите“ морала драстично да го промени изгледот и да ослабне за новата улога

Се емитува последната сезона на „Игри на троновите“ и фановите веќе го оплакуваат завршувањето на …