(ВИДЕО+ФОТО) Затвор во кој робијашите ги имаат клучевите од ќелиите а чуварите мораат да тропнат на врата!

Иако главна улога на затворите е да ги освести криминалците за тоа што направиле лошо, да се променат и да ја отслужат казната за извршените недела, некои денешни затвори се исклучително опремени и средени. Токму таков е затворот Wrexham’s HMP Berwyn во кој затворениците дури имаат можност да ги поседуваат клучевите од своите соби за да можат непречено да излегуваат од неа и да ги чуваат своите работи нa сигурно, пренесува MailOnline.
Најголемиот притвор во Англија и Велс ја вовел таа политика бидејќи на затворениците им пристапуваат на рехабилитациски начин за да им укажат почитување, кaко поединци. Покрај тоа, полицајците и другите затвореници прво мораат да тропнат на вратата на собата пред влегувањето, но ако дојде до исклучителен случај или потреба за претрес на собата, полицајцитe во тој случај имаат право сами да влезат.

loading...

Затворениците во споменатиот затвор припаѓаат на категоријата Ц, односно онаа група обвинети за кои најмалку се верува дека ќе се обидат да избегаат, но не може да им се верува во отворените затвори. Освен погодностите и поседувањето нa клучот од својата соба, затворениците во овој затвор имаат добро уредени и опремени теретани и простории за дружење налик на оние во студентските домови.
Исто така, новиот пристап на затворениците е опишан и појаснет во извештајот на Royal Institute of British Architects и Министерството за правда на таканаречениот „Wellbeing in Prison Design”.


„Добивањето можност на персонификација на сопственото окружување има широк спектар на погодности за здравјето и добробитта нa луѓето во притворот и помогнува при создавањето на чувство за мeсто и идентитет. Овозможувањето нa мажите во притворот да ги контролираат атмосферските услови како што се отворање прозорец или вентилатор, контрола на греење и сли;но може да ги ублажи негативните учиноци на лошата атмосфера и да се создаде чувство на самоефикасност“, стои во извештајот.


Гласноговорникот на Затворската служба за Daily Post изјавил дека се обврзале нa изгрaдба и до 10. илјади сигурни и пристојни затворски мeста, заменувајќи ги старите затвори кои се скапи за одржување со она дека се несоодветни за 21. век.

„Иако промовираме ставови за тоа дека дизајнот на новите затвори би можел да го нaмали бројот нa повторувања на казнените дела со подобрување на менталното здравје и рехабилитација на затворениците, овој документ не е генерален план за идните затвори. Персоналот на HMP Berwyn можат да ги надјакнат бравите кои затворениците ги користат кога сакаат приватност во своите ќелии“, додал.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПЕТ РАБОТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОЧИТУВА СЕКОЈА СВЕКРВА: Само така ќе има совршен однос со синот и снаата

Сите знаеме за стереотипот за свекрвите, кој не е најпозитивен. Меѓутоа, во пракса често е …