(ВИДЕО+ФОТО) Интервју – Ана Костадиновска:„На стадион со Тоше Проески ,буквално ми се одзеде здивот кога излегов на сцена пред толку мноооогу народ…“

Таа е неодминлива, доколку одите на настапи и концерти на врвни македонски изведувачи не може да не ја видите…Таа е Ана и на сцената е најчесто со Сара со која се повеќе од колешки,сестри…Потекнува од музичкото семејство Костов (Кире и Кармен Костови) а таа повеќе од успешно го пренесува семејниот ген…Вокал без кој не се може, професорка која многу млади изведувачи упати и вивна на сцената…Тоа е Ана Костадиновска која и покрај бројните успеси зад себе останува цврсто да стои на своите нозе…

Потекнувате од музичко семејство,музиката е во вашите гени, што превагна да се определите за поп музиката?
– Со поп музика сум растена,во мојот дом постојано доаѓаа пеачи и се создадоа многу познати рефрени,па најверојатно сето тоа се втиснало некаде во мене

Работевте и работите со најпознатите македонски изведувачи, што е она што токму сите ја бараат Ана?
– Веројатно квалитетот ,искуството и посветеноста кон работата која искрено ја љубам.

Не може да се замисли концерт или настап на македонски изведувач без Ана…дали тоа од друга страна покрај комплиментите е и одговорност?
– Се разбира! секој настап си има своја тежина и одговорноста е подеднакво голема.

Имавте, деновиве, многу „набиена агенда“ – ДНК па Лозано…Како, од ваш аспект, ги оценувате последните настапи со нив, посебно со Лозано во „Борис Трајковски“…
– Со дуото ДНК соработувам веќе подолго време,поточно 8. години и искрено,секој настап со нив ми е особено значаен и драг! Што се однесува до Лозано ,имам само еден збор -БРИЛИЈАНТЕН !!!!

Продолжува на следната страна…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Мрачна тајна на Хали Бери: Својот изглед го должи на болеста!

Од доцните осумдесетти години на минатиот век глумицата се бори со свирепа болест…   View …