(ВИДЕО) Финците нудат бесплатно летување за да луѓето научат да бидат среќни!

Финска,во која според извештаите живеат најсреќни луѓе на светот, се обидува таа среќа да ја подели со светот така што на луѓето им нуди бесплатно летување.
Финската туристичка заедница од неодамна ја има понудата „Rent a Finn”(Изнајми Финец) преку која на луѓето им нудат да ја изберат Финска за својот годишен одмор, и тоа делот од земјата кој им делува најсреќен.
Сите кои ќе одлучат да испробаат малку финска среќа, времето ќе го минат со нивните „водичи за среќа“, а Финците се надеваат дека со нивниот опуштен,природен начин на живот ќе симнат малку стрес од нивните раменици. Од Visit Finland додале:
„Rent a Finn е кампања во која осум Финци ќе поканат осум странци во Финска, за да со нив го поделат своето искуство во финско семејство, бидејќи Финците сакаат да ја направат Земјата повторно среќна! Тие ќе бидат добри водичи на среќа и ќе им помогнат на странските туристи повторно да се поврзат со природата ова лето“.


Сите кои сакаат да ги искористат водичите на среќа треба да снимат триминутно видео во кое се опишуваат себе, својата врска со природата и зошто сакаат да ја посетат Финска, и да ја исполнат апликацијата на нивната веб страна, а оние кои ќе се одлучат на ваков чекор сите трошоци ќе им бидат покриени.
Доколку сакате „да изнајмите Финец“, морате да ја исполните пријавата на нивната страница на овој ЛИНК

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за вторник, 30.11.2022: Обидете се да бидете „позитивно наметливи“ или неизбежни во мерка до која е пожелна во емотивните средби…

Овен Љубов: Загрижени сте за настани кои вознемируваат блиска личност. Вложувате голем напор за да …