(ФОТО) Вредна мајка: Подготвила 152 оброци и 228. „грицки“ за да без стрес го дочека четвртото бебе!

“И внимателно планирајте ја подготовката. Имено, кога подготвувате лазањи и ги ставате да се печат, за тоа време ќе постигнете да подготвите се’ што е потребно за супа или болоњезе”, вели добро организираната мајка…
Џесика Меј Магил од Сиднеј однапред подготвила дури 152. оброци и 228. порции грицки, и тоа само неколку недели пред породувањето за помалку стресно да го дочека четвртото бебе во семејството.

“Моментално сум во 37.мата недела од бременоста, а најстарата ќерка има само 4 години, па затоа нашиот живот со новото бебе сигурно ќе биде возбудлив”, објаснува Џесика која по неколку дена во кујната наполнила два замрзнувачи.

Тука се и 8. оброци пилешко во сос од кикирики, 24 детски порции колач од сирење и вегетаријански слатки „колбаси”, мафини и ситни колачи и уште многу друго.
Скоро се’ од припремената храна е направена на вегански начин бидејќи Џесика се држи до програма за здрава исхрана со која изгубила импресивни 17. килограми по минатите породувања. За мајките кои размислуваат за ваквата идеја, таа советува да изберат рецепти кои се едноставни и содржат слични состојки, така што можат да се набават во големи количини и со тоа да се заштедат пари.

„Рецептите можете да ги подготвите во двојна количина, со тоа што прво ќе ги зготвите оние оброци чија подготовка трае подолго. Купувајте и замрзнувајте само сезонско овошје и зеленчук кое во сезоната е поздраво и поевтино“.

“И внимателно планирајте ја подготовката. Имено, кога подготвувате лазањи и ги ставате да се печат, за тоа време ќе постигнете да подготвите се’ што е потребно за супа или болоњезе”, вели добро организираната мајка за Daily MailDaily Mail.

Превод: Г.О.

Извор:Daily Mail

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Marella Stories: Катерина Ангеловска за успехот, духовниот развој, и нивното влијание на нашиот стил

Marella Stories ги истакнуваме успешните дами кои се познати не само по своите достигнувања, туку и …