(ФОТО) Вардар на гости „го згази“ Загреб: Се насмевнува четирифиналето на ЛШ

На гостувањето во Загреб нашите момци славеа убедливо со 27-18 во првиот осмина-финален меч од ЕХФ Лигата на шампионите против ППД Загреб. Реваншот е во сабота во Скопје.

Македонскиот машки ракометен првак „Вардар“ со една нога е во четвртфинале од Лигата на шампиони откако синоќа славеше на гостувањето кај Загреб со убедливи 18-27.
Криштопанс и Карачиќ реализираа по пет гола, Мораеш постигна четири а одличен на голот беше Милосављев со 14 одбрани.

Иако со една нога веќе е во четвртфинале, „Вардар“ ќе треба да го чекира билетот пред својата публика, мечот во „Јане Сандански“ се игра на 30. март.
Голманот Дејан Милосављев беше прогласен за играч на натпреварот со 14 одбрани. ЕХФ го прогласи натпреварот во Загреб за меч на осмина-финалето во ЛШ. На хартија требаше да биде дерби, а на терен беше ракометна лекција на „црвено-црните”. Со една нога Вардар е веќе во четвртфиналето на ЛШ, иако треба да се одиграат уште 60 минути реванш средба во Скопје на 30 март во 19,30 часот.

извор: rkvardar.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Методот на Алан Кар со помош на кој милиони луѓе престанале да пушат

„Ако ги следите моите упатства, ќе бидете среќен непушач целиот свој живот“, рекол Ален Кар, …