(ФОТО) Ужасно растење на Кевин Спејси: Неговиот татко нацист со години го силувал синот и го злоставувал семејството

Кевин Спејси е одгледан од бивш нацист кој го силувал неговиот брат, а толку го трауматизирал своето семејство што го нарекле „суштество“.
Трогателната приказна за ужасното растење на славниот глумец за Daily Mail ја раскажал неговиот постар брат Рендал Фулер, во 2004. година, а повторно „испливала“ откако Спејси признал дека е хомосексуалец, поттикант од обвинувањата за злоставување на тогаш 14. годишниот глумец Ентони Рап, како и обвинувањата на новинарката Хедет Утрих дека сексуално злоставувал на неа блиско лице.


Обвинувањата против помладиот брат, 62. годишниот Фулер ги нарекол вознемирувачки, а неговата шокантна приказна можеби открива кои се тоа „други работи“ кои ги спомнал Спејси во признанието на својата сексуална ориентација.
Фулер,возач на лимузини и имитатор на Род Стјуард, открил дека татко му со години го злоставувал, додека нивната мајка знаела за тоа. Денес не е во добри односи со својот славен брат.


Нивниот татко Томас Џефри Фулер бил, според негови зборови, нацист и перверзен садист, кој со години ги злоставувал нив двајца и нивната сестра Јулија. Фулер никогаш не сакал да има деца бидејќи се плашел дека ќе го наследат „генот на сексуалниот предатор“. Славниот брат го опишал како празна личност која никогаш немала врска со никого, освен со својата мајка.
„Со такви личности немавме никакви шанси за нормално растење. Јас на пример бев во три брака и 40. врски“ рекол Фулер.
Нивниот татко се приклучил на Американската нацистичка партија кога Спејси и Фулер биле деца. Ги избричил мустаќите како Адолф Хитлер и редовно го силувал и камшикувал постариот син. Спејси се обидувал да не го налути татко си, додека Фулер и Јулија трпеле страшни злоставувања. Таткото редовно ја тепал Јулија која на крај на 18. години избегала од дома.
„Во нашиот дом имаше толку темнина што не би поверувале. Беше ужасно. Кевин се обидуваше да избега од се така што се затвораше во себе. Стана многу итар и паметен. Толку се посвети на одбегнување на ќотекот што набргу стана празна личност, немаше никакви чувства“ рекол Фулер.


Семејството морало да се сели десет пати, а таткото ги држел затворени во куќата. Не смеело да им доаѓаат пријатели за да не ги видат фотографиите на голи жени и мажи во канцеларијата на нивниот татко. Додека татко им работел повремено, товарот на грижата за семејството паднал на мајката која работела како секретарка.

Фулер раскажал дека нивната мајка била згрозена кога било откриено дека нивниот татко злоставувал тинејџерка, инаку негова роднина.

Во текот на вечерата татко им им држел предавања за тоа дека холокаустот е лага, дека Евреите управуваат со банките и Холивуд и дека нешто под наслов „biocrud“ ќе ја уништи планетата. Постариот син го тепал со камшик, а кога наполнил 12. години го одвел во соба и рекол дека ќе му објасни „што прават пчелите со цвеќињата“.
„Злоставувањето станувало се’ почесто и погрубо“
„Ми ги откопча панталоните и почна да си игра со мене. Исплашен почнав да ја викам мајка ми. Дојде горе и почна да удира по вратата која беше заклучена. Татко ми ме натера да бидам тивок. Ненадејно мајка ми престана да удира и си замина. Никогаш не се чувствував толку напуштено. Татко ми почна да ме задоволува. Тоа беше почеток на мојот пубертет“ рекол Фулер.
Во следните четири години злоставувањето станувало погрубо, почесто и подолго. Додека тој се спротивставувал на таткото, сестрата избегала,а Спејси правел се’ за да нема проблеми со таткото.
„Глумата му стана начин на бегство од се“ вели Фулер опишувајќи дека Спејси се обидувал да ги насмее со неговите имитации.

„Му се заканив на татко ми дека се ќе и кажам на мајка ми ако го допре. Кевин и јас бевме многу блиски бидејќи немавме пријатели“ признал Фулер, додавајќи дека грижата за тоа што ќе биде со Спејси била единствена причин зошто тогаш не се убил.

Нивната мајка подоцна им напишала писмо во кое се обидела да го оправда нивниот татко, тврдејќи дека ниту неговото пораснување не било среќно.Кога татко им во 1990. година завршил во болница, Фулер пред Спејси и сестра си конечно и кажал на мајка му што се случувало.
„Само седеше во тишина“ рекол Фулер.

Извор:Daily mail

Подготви и преведе: Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МИРУВАЛА НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ – Јосипа Лисац за нарушеното здравје: „Се уште сум далеку од излекување“

Музичката дива Јосипа Лисац за време на гостувањето во емисијата „РТЛ Директ“ проговорила за своето …