(ФОТО) Каролина Гочева даде предлог за почеток на пролетта!

Освен за пејачките квалитети за Каролина секогаш се говори и како за модно освестена млада дама која ги следи трендовите.

За нејзините вокални квалитети се е кажано и познато, па кога е во прашање нејзината кариера, Каролина низ годините својата музика почна да ја прилагодува на слушателите и обожавателите од сите возрасти, фаза која започна со албумот „Македонско девојче 1“.
Социјалните мрежи како и сите јавни личности и таа ги користи кога има нешто да каже, да најави, да и покаже на јавноста.
Вчера, 22 март, на денот на официјалното пристигнување на пролетта Каролина објави неколку нови фотографии. На нив убавата битолчанка со скопска aдреса на живеење, стокмена, дотерана, средена… како од насловницата на некој престижен светски моден магазин.

Впрочем, не е спорно дека Каролина отсекогаш знаела како со модата и речиси никогаш немала никакво модно промашување. Но, овој пат таа ја покажа сета своја убавина, сиот свој раскош и елеганција… во секој поглед.

Со залижана коса и соодветен мејк ап и накит, променета во долг пролетен резеда боја фустан со кус шлиц, долго бело сако и колан на кој е прикачена светлокрем кожна чантичка и папучи-чевли со високи потпетици, македонската пејачка пролетта ја дочека ултра модерно и елегантно. Моден изглед на кој можат слободно да и позавидат и светските ѕвезди, комбинација со која ладно може да се појави на некој од најзначајните модни настани на светките модни писти.

„Пролет е за нови почетоци!
На првиот пролетен ден ви ја претставуваме новата колекција заедно со моите пријатели“, напишала Каролина во описот на фотографиите претставувајќи го она што го носи на себе.

И навистина пејачката има право: Пролетта е за нови почетоци… кај многумина, па и кај неа. Засега само модни, веројатно и музички, а можеби и животни?

Фото: Стефан Рајхл/Ани и Дими/Инстаграм принтскрин

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сте ИЗГОРЕЛЕ на сонце? Еве што да направите кога кожата после сончање ќе почне да ви се лупи!

Важно е редовно да користите крема за сончање и да избегнувате изгореници. Секое лице барем …