(ВИДЕО) Живеат по 120. години а ракот не им може ништо: Тие се пример дека навистина постои идеален живот

Живеат во оаза на младоста, три месеци гладуваат, а скоро и да не јадат месо…
Стариот народ Хунза е сместен на самата граница помеѓу Пакистан и Индија, а познат е по тоа што нивниот животен век трае 110.-120. години. Поради тоа нивната татковина се нарекува „Оаза на младоста“. Скоро никогаш не се болни а благодарение на гените секогаш изгледаат младолико…
Тие се пример дека навистина постои идеален живот. Се капат во ледена вода, дури и на температура од 15. степени под нулата, а и со 65. години раѓаат деца.
Преку лето јадат сирова храна и овошје,а во текот на зимата конзумираат суви кајсии, из’ртени житарки и овчо сирење. Има период кога Хунзи не јадат ништо, а тој период е познат како „гладна пролет“. Називот го добил по тоа што овошјето уште не е зрело, и тогаш пијат исклучиво сок од суви кајсии. периодот трае од 2. до 4. месеци, и го сметаат за круцијален за своето здравје и начин на живот.
Протеини внесуваат во најмали количества а дневно во просек внесуваат 1.933 калории, од кои 50 грама се протеини, 36. г масти и 365 грама јагленихидрати.

Од искуствата на многу странци, дојденци, кои се преселиле во долината на реката Хунза, заклучиле дека главен фактор на долговечноста е здравата исхрана.
Шкотскиот доктор Мек Харисон, по враќањето во Англија, извел експеримент на голем број животни. Една група се хранела со нормална храна на лондонско работничко семејство, што подразбирало бел леб, харинги, преработен шеќер, конзервирана храна и варен зеленчук. Како резултат на исхраната кај животните се појавиле различни болести присутни кај луѓето. Другата група животни која била хранета со храната на Хунза народот останала совршено здрава.
Книгата „Хунза – луѓето кои не знаат за болести“ на авторот Р. Бирчер, ги истакнува основните карактеристики на нивната исхрана, тврдејќи дека тие се клучни за здрав живот:
Тоа е вегетаријански начин на исхрана: доминираат големи количества продукти од овошје и зеленчук, природни производи, без било какви хемии, продукти кои се подготвуваат така што се чуваат сите нивни биохемиски вредни материјали, алкохолот и слатките не се конзумираат, се почитува редовниот период на гладување.
На меѓународниот конгрес за канцерогени заболувања во Париз, летото 1977. година, стручњаците објавиле дека отсусуството на рак се јавува само кај народот Хунза.
За нив ппешачење од 20. километри дневно е исто што и за нас да прошетаме околу куќата. На припадниците на народот Хунза искачувањето по планина им е како нам одење до продавница, а се спуштаат среќни и весели.

Подготви:Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

5. начини да го искористите лимонот

Многу од придобивките од оваа супер намирница се неправедно занемарени Лимонот најчесто многумина го консумираат …